Благочестиви христијани,
На 31 јануари (среда), на празникот посветен на Свети Атанасиј Велики,

со почеток во 9 часот,

по повод 10- годишниот јубилеј од осветувањето на храмот " Рождество на Пресвета Богородица" во Скопје,

ќе се отслужи Света Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Се покануваат сите верни чеда на заедничка богослужба во храмот на заштитничката на градот - Пресвета Богородица

 

27.01.2018 лето Господово