Преку низа црно-бели фотографии до субјективен приказ на човековата реалностСкопје, 09.01.2017 – На 10.01.2017 (вторник) во рамки на Националната Галерија „Мала Станица“, со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Глорија и Глорија“ на фотографот Зоран Шекеров.

Изложбата е составена од 60 црно-бели фотографии, дел од фотографскиот есеј на авторот, производ на неговиот петмесечен престој во Чикаго, САД. Инспириран од мајка и ќерка кои потекнуваат од Мексиканска фамилија, го создава фотографскиот есеј „Глорија и Глорија“. Покрај името овие две жени ја делат и идентична судбина и секојдневното соочување со предивикот кој го носи борбата со ракот, што го поттикнува Зоран Шекеров за време на својот престој во Чикаго да живее со нив и да им помага.

Како најразбирлво средство за комуникација со нив тој го користи секојдневното фото-документирање на нивните животи. „Дете на тензичниот 20-ти и премногу младиот 21 век, љубопитен за она што било и за она што е, авторот во својата работа нѐ потсетува дека без разлика дали размислуваме за иднината или не, таа ќе дојде. Затоа неговите моменти и неговите носталгични приказни живеат од ден за ден. За него фотографијата не е само момент во вечноста, ниту само алат за себично зграпчување, зачувување и документирање на моментот.

Преку субјективноста на објективот на Зоран Шекеров можеме да согледаме една навидум обична, случајна животна приказна, вистинска во сржта, ослободена од секаква патетика. Приказна што не треба да пренесе голема порака, да утеши или да растревожи. Но сепак, ненамрно и ненаметливо го прави тоа.

Преку овој фото-есеј, авторот субтилно поставува прашање – Дали помагајќи некому, на крајот тој ни помага нам?“ -  изјави Јулијана Росоклија.

Сите заинтересирани посетители ќе може да ја погледнат изложбата на фотографии „Глорија и Глорија“ на Зоран Шекеров во Националната Галерија „Мала Станица“ до 10.02.2016.
--
Zoran Shekerov
Photographer &
Student at ESRA - European Film Academy

 

http://www.zoransekerov.com/