Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Националната галерија на Македонија на 7 април (четврток) во 19:00 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Решат Амети по повод 25 години од неговото ликовно творештво.

Решат Амети е добитник на повеќе награди и признанија, како наградата за сликарство „Лазар Личеноски” од ДЛУМ во 2009 г. и наградата „11 Октомври“ за сликарство во 2014 г. Учесник е на многу ликовни колонии во земјата и надвор од неа.

Изложбата ќе ја отвори поетот Ефтим Клетников. 

Одговорен кустос: Маја Крстевска.
Изложбата ќе биде отворена до 21 април 2016 г.