Ни претставува особена чест и задоволство да Ве известиме за промоцијата на  публикацијата „Музеите во Македонија“, која ќе се одржи на 18 декември 2015 година, во 12 часот, во Музејот на македонската борба.
Публикацијата „Музеите во Македонија“, дело на авторите Захаринка Алексоска-Бачева, м-р Бранислава Михајлова и д-р Крсте Богоески, во издание на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите, е единствена и прва публикација од тој тип кај нас. Реализацијата на публикацијата е овозможена со целосна финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Промотор на публикацијата „Музеите во Македонија“ ќе биде доц. д-р Даворин Трпески.
Воедно, ја користиме оваа прилика да Ве поканиме да присуствувате на промоцијата на публикацијата „Музеите во Македонија“.


Со почит,
М-р Симонида Миљковиќ
Претседател на Здружение МНК ИКОМ