Правен факултет „Јустинијан Први“
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
ПОКАНА ЗА КОНФЕРЕНЦИЈА
МЕДИУМИТЕ И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
 
 
 
На 10 декември 2015 година, а по повод меѓународниот ден на човековите права, Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, при Правниот факултет “Јустинијан Први”, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, организира Меѓународна конференција на тема „Медиумите и човековите права“.Институтот за новинарство, медиуми и комуникации е во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при државниот универзитет „Св Кирил и Методиј“ и постои скоро 40 години.
Целта на конференцијата е да овозможи размена на мислења и презентација на истражувачки резултати на оваа суштествена тема медиумите и човековите права, а особено битна за Република Македонија која скоро две децении има проблем во етаблирањето на демократски медиумски систем по европски стандарди.
По повод Денот на човековите права и слободи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе говори и  г-дин Џес Л. Бејли во својство на амбасадор на САД во Република Македонија.

Со Вашето учество би дале вистински придонес во испраќање на разбирлива порака од Конференцијата до македонската стручна и општа јавност за вистинското значење на медиумите во современото политичко милје.
 
Информации и прашања во врска со настанот на тел:   071 24 79 78 Мартина Глигорова (постдипломка)
 
Скопје, декември 2015

ПРОГРАМА ЗА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА МЕДУМИ И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

10 Декември 2015 Институт за новинарство, медиуми и комуникации Правен факултет „Јустинијан Први" Универзитет „Св. Кирил и Методиј"

Регистрација на учесниците 9.3010.00
Пред нова сала за ННС
Отворање
10.00-12.00
Нова сала за ННС

д-р Борче Давитковски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
За Институтот за новинарство, медиуми и комуникации
д-р Рената Дескоска-Треневска, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија (потпреседател на Собрание на РМ)
Медиумските слободи и демократијата
д-р Јасна Бачовска Недиќ, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Слобода на изразувањето и медиумските системи
Говор на Цес Л. Бејли, Амбасадор на САД во Република Македонија
По повод денот на човековите права и слободи (Во амфитеатар 1)
Настап на најдобриот оратор на Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Кафе пауза 12.00-12.30 (Наставнички клуб)

Панел 1
12.30-14.00
Нова сала за ННС
Модератор
д-р Ирена Рајчиновска Пандева
Мери Марес, претседател на Фулбрајт асоцијацијата, Чикаго, САД (вклучување преку Ѕкуре)
Слобода на изразувањето
д-р Мурат Акташ, Универзитет во Муш, Република Турција
Социјалните медиуми и Арапските востанија
д-р Слаѓана Стаменковиќ, Факултет за безбедност и дипломатија, Србија
Медиумско известување, социјалната исклученост на маргинилизараните групи и важноста на медиумската писменост
д-р Анита Јеличиќ, Институт за Комуникологија и односи со јавност Хрватска
Претставување на бегалската криза на социјалните мрежи во Хрватска и соседните земји
д-р Ирена Рајчиновска Пандева, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Медиумите и демократијата во Турција-замолкнување на гласот на слободата и слободата на говор
-дебата и прашања-
Панел 2
12.30-14.00
Стара сала за ННС
модератор
д-р Александар Спасов
д-р Љубомир Д. Фрчкоски, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Заробена публика-преклопување на права во делот на слобадата на изразување
д-р Томе Груевски, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Улогата и функциите на масовните медиуми во комуникацискиот систем
м-р Гордан Ѓоргиев, докторанд при Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Политичките партии и медиумите: како да се избегне инцестот
д-р Каролина Ристова-Астеруд Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Марина Трајкова, експертка за род и медиуми, Република Македонија
Медиумите во Репулика Македонија- иструмент за ширење на половите / родовите стереотипи или инструмент за промоција на половата рамноправност?
д-р Александар Спасов, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Медиумите и злосторставта против човештвото - научени лекции (случајот Руанда)
-дебата и прашања-

Панел 3
12.30-14.00
Новинарска работилница
Модератор
д-р Биљана Петревска
д-р Ванчо Узунов, д-р Билјана Петревска, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Пазарот на телевизиско рекламирање, информациска асиметрија и политичката ситуација во Република Македонија
д-р Дарко Спасевски, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Одговорноста на давателот на услуги на инфоматичко општество и социјалните мрежи
д-р Тодор Каламатиев, д-р Лазар Јовевски, д-р Александар Ристовски, м-р Душан Босиљанов, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Работно-правната положба на медиумските работници во Република Македонија
д-р Александра Груевска-Дракулевски, д-р Бобан Мисоски, д-р Дивна Илиќ-Димоски, Правен факултет „Јустинијан Први", УКИМ, Република Македонија
Медиумите и криминалитетот и деликвенцијата
-дебата и прашања-
Презентациите да не бидат подолги од 10 минути