Учествувајте на фотосеминарот „Фотософија 10“

Фотософија е бесплатен седумдневен семинар за напредна фотографија под водство на Дамир Хојка, кој оваа година слави јубилеј  - 10 години постоење!
„Исклучително сум горд што идеме и десетта сезона. Низ овие години, низ семинарот поминале 135 талентирани луѓе. На многумина токму Фотософија им помогнала да во себе го пронајдат чкрапалото и да станат квалитетни фотографи кои самостојно работат во весници, магазини, одржуваат изложби и добиваат вредни и престижни награди. Горд сум, исто така што имаме и една мала заедница на фотографи кои што по семинарот успешно запишале студии на фотографија на загрепската Академија на драмски уметности. А најмногу ме радува што е создадена мрежа на луѓе кои и по семинарот работат заедно, учат едни од други и што е најважно, добро се забавуваат“ вели Хојка, кој првата генерација на Фотософија ја започна, како што вели, бидејќи верувал дека годишниот одмор можел да се претвори во нешто што ќе биде корисно на другите, а и забавно за сите: Лавината почна и веќе немаше враќање – заклучува Хојка.

Веста за која веруваме дека ќе ги развесели сите љубители на фотографијата е дека можете бесплатно да преземете, на www.fotosofia.info, во квалитет за печатење повеќе од 50 фотографии кои по повод јубилејот ги подаруваат семинаристите на минатите Фотософии и самиот Хојка.

Избраните учесници за оваа година ги очекува интензивно темпо исполнето со теоретски и практични фото активности. Заедно со предавањата на Хојка и другите професионалци, учесниците ќе имаат можност да се усовршуваат во репортажна, модна и уметничка фотографија, во аскетски продукциски услови ќе се обидат да освојат медал за ФОТОкреативец, а ќе снимат и моден едиториjал.

Ниту на овој семинар нема да изостане најатрактивниот дел – снимањето на портретот на Celebrity, тема за чија што реализација помогнаа многу познати имиња – Рене Биторајац, Зухра, Борис Мирковиќ, Зоран Предин, Барбара Колар, Маја Вучиќ и многу други. Оваа година Фотософија, меѓу другите ќе го угости и фронтменот на легендарната белградска група Електрични Оргазам, Срѓан Гојковиќ-Гиле.

„Ме радува што оваа година ќе застанам пред објективите на учесниците на Хојка. Од она што го слушнав, во само два дена ќе позирам на низа на фотографи, искуство што досега го немам доживеано. Судејќи по искуствата на моите претходници како Давор Гобац и Енис Бешлагиќ, ќе биде тоа можност да сам себеси се видам во некое ново светло“ , изјави Гиле, кој на Фотософија доаѓа во организација на „Творница на културата“.
Изборот со кој ќе бидат избрани 15 учесници е отворен до 15. Мај 2015. Семинарот ќе се одржи под покровителство на фирмата Epson и Raiffeisen банка во Терме Тухељ, Хрватска  од 21-ви до 28-ми Јуни 2015. Како можете да се пријавите, можете да прочитате на www.fotosofia.info

На истата веб страница објавен е и избор „Фотософија 10 ФОТОмодел“ за фотомодели,