Bogorodichini.krinovi1

ЧУДОТО СО БОГОРОДИЧНИТЕ КРИНОВИ

Bogorodichini.krinovi


На островот Кефалонија се случува чудо на денот кога се празнува Успение на Пресвета Богородица.


         Во Црквата во Пастра на островот Кефалонија за празникот Благовештение верниците донесуваат бели кринови и ги оставаат на иконата на Богородица. Тие кринови после празникот се ставаат под стаклото на иконата и без вода и земја тие така стојат и по законот на природата стануваат суви гранчиња.
Но, неколку месеци подоцна на празнувањето на Успение на Пресвета Богородица,  се случува нешто преубаво; од тие суви гранчиња се расцветуваат нежно бели цветови. После Литургијата на празникот се служи молебен и се осветуваат цветовите и се делат на верниците кои тој ден дошле во Црквата.

Bogorodichini.krinovi2
                 Тие суви стебленца од криновите се слични на нашите души кои се исушени од неверување и сомневање. Белиот цвет како да ни докажува дека за Бога нема ништо невозможно, ни кажува дека и нашите души иструлени од гревови исто така може да се озарат и расцветаат со Божјата благодат.


Треба да се напомене дека криновите се библиски цветови . Самиот Господ сведочи за тоа во Евангелието по Матеј,,Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; ( 6; 28, 29)


Православие.Мк

Aвгуст 2022 лето Господово