Икона Богородица „Сецарица’’

Чудотворната икона на Божјата Мајка, именувана „Сецарица“ (на грчки- „Пантанаса’’), се наоѓа на Света Гора Атон во Грција во соборниот храм на Ватопедскиот манастир, лево од царската врата. Оваа икона, мала по размер, напишана е во XVII век и според преданието била благословена од познатиот  Атонски старец , Јосиф Исихаст за своите ученици.
На иконата е изобразен ликот на Пречиста Дева во пурпурна облека, седната на царскиот престол. Во Нејзините раце е Богомладенецот со свиток во левата рака и со десница која   благословува. Десната рака на Богородица укажува на Својот Царски Син како на Спасител на сите луѓе. Во позадина се два ангела, кои со крилјата со почит Ја осенуваат Пречиста Дева.
Според  древното манастирско предание, еднаш кон иконата пријде млад човек и почна нешто неразбирливо да мрмори. Одеднаш ликот на Пресвета Богородица блесна со Божествена светлина, некаква невидлива сила го отфрли младиот човек и тој падна на земја. Станувајќи, тој со страв истрча кај старците- иноки и со солзи во очите им призна дека водел нечесен живот, правел магии и дојде во манастир за да ја испита силата на своите магии на светите икони. Чудото што се случи со иконата на Пресвета Богородица, засекогаш го отврати младиот од магиите, го изведе на патот на покајанието и го врати на патеката на побожниот живот. Чудотворната икона на Богородица „Сецарица“ се чествува како на Атон, така и подалеку зад неговите граници.

Самото име на иконата-  Се Госпоѓа, Се-Владичица- говори за Нејзината посебена, сеопфатна сила. Пројавувајќи ја својата чудотворна сила најпрво против магиите, „Сецарица“ има и благодат да исцелува болни од рак- најстрашната болест на современото општество (и всушност ширењето на страста за магии, волшебништво и окултизам во христијанскиот свет може да се спореди со поразување на човечкиот организам со малигнен тумор).

На 11 август 1995 година во Русија се појави копија на чудотворната икона „Сецарица“ во московскиот детски онколошки центар на Каширка. На молебните на Богородица „Сецарица“ се молат болните деца и нивните родители со надеж на небесната помош на Застапничката и Исцелителка.


Извор: http://www.diveevo.ru/2/0/1/5097/

 

Подготви: Снежана Корнет