Зограф Фотиј Кондоглу


  • Фотиј Кондоглу е познат грчки книжевник и уметник. Роден е во Ајвали, Мала Азија, на 8 ноември 1895 година во семејството на Никола Апостолиди и Деспина Кондоглу. Неговиот татко умира една година по неговото раѓање, и грижата за него и за тројцата постари браќа ја презема нивниот вујко Стефан Кондоглу, игумен на манастирот „Света Петка“, па оттаму го задржува презимето на неговата мајка. Во 1912 година завршува средно образование во Ајвали, па потоа се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Атина, но го напушта и во 1914 заминува во Париз, каде што учи дела на разни уметнички школи. Таму добива награда за илустрација на книга, а по патувањата во Шпанија и Португалија во 1918 се враќа во Франција.
  • Се враќа во татковината по Првата светска војна во 1919 година. Се вработува како професор по француски јазик и историја на уметност. Во 1923 година оди на патување на Света Гора каде што се запознава со визнатискиот фреско-живопис, почнува да ги пресликува, пишува многу статии на таа тема, и оттогаш почнува да се занимава со изучување и објаснување на византиската црковна уметност.
  • Во 1925 година стапува во брак со Марија Хаџикамбури, се вработува во Византискиот музеј во Атина, во Мистра, во Коптскиот музеј во Каиро, а како зограф е ангажиран за сликање на повеќе цркви низ Грција. Се упокои на 13 јули 1965 во Атина. Остана запаметен како книжевник, автор на многу богословски теми, и најголем и најзначаен возобновител и татко на византискиот иконопис во дваесеттиот век, кој го извлече иконописот од бездната на заборавот и неукоста.

Извор: Ортодоцсија и ортопраксија