Sinkli.Paraklis.jpg

   Sinkli.Paraklis1.jpg

 

  Sinkli.feski1.jpg

Завршена е Прва  фаза од  фрескописување (олтарен зид ), во кој што влегуваат фреските на : Св. Григориј Палама, Св.Никола , Св. Јован Златоуст Св. Леонтиј Eрусалимски и Струмички.

 Sinkli.Paraklis1.jpg

  


Berovo.Freskopis.jpg

   Берово, 17-ти јануари, лето Господово 2014- манастир на св. Архангел Михаил на празникот на  Собор на Светите Седумдесет aпостоли

 Berovo.Freskopis.jpg


   Фрескопис на седум светители:  Св. Григориј Палама, Св.Никола, Св. Јован Златоуст,  Св. Леонтиј Ерусалимски и Струмички.

  Berovo.Freskopis.jpg

  ...преку седум гори и седум планини, во срцето на нашата волшебна Македонија, завиено во јаслите на Пиринскиот венец, е скриено едно чудесно место. Оттаму, од тоа интимно и мало одајче, од тој Параклис се шири спокој низ дворовите на женскиот Манастир на Св. Архангел Михаил во Берово.
Ова мало место е посветено на нашиот Бог Исус Христос и неговите два големи Светители, Старец Јосиф Исихастот и Свети Григориј Палама. Како огледало во кое се огледува чудото за изградбата на Манастирот, овој Параклис кој на почетокот на есента беше празно мало одајче, со бели малтерисани ѕидови, со добрата мисла и поддршка на богобојазниот Македонски народ, полека прераснува во топол и богообразен Параклис, во кој секојдневно се одржуваат богослужби во студените зимски денови на Беровскиот регион.
  • Еден од светителите на овој Параклис, Старец Јосиф Исихастот, бил облагороден од дарот на солзите. Чудото на овој Манастир достига до таму што овој дар може да се почувствува при богослужбите и молитвите кои што живеат во овој Параклис. Како самиот дар на солзите да е заточен во тој простор. Додека е човек во него и учествува во молитвата, Божјата милост како да се спушта врз него и го пронижува сето негово битие, растопувајќи ја неговата душа и преточувајќи ја во солзи, солзи на радост, на сочувство, на беспоштедна љубов кон сите чудеса, кон сите луѓе, кон сета Божја креација. Солзите тогаш стануваат мастилото со кое молитвата се разлева од и истовремено се запишува врз срцата на оние со лица свртени кон Бога. Низ насолзените очи кои како да ги допрел самиот наш Бог, Исус Христос, се гледа нежниот трепет на свеќата додека во длабочината на душата одекнува тивкиот пој на монахињите кои пеат во слава на Бога, се врзуваат гласовите од псалмите Давидови кои танцуваат околу срцето на оној кој се затекнал во тој мал простор, во таа мала вселена во средето на големата Вселена, опкружени со сликите на иконостасот во чие среде Богородица ја држи сјајната Ѕвезда, Богочовекот во своите дланки.
За да биде ова место целосно, недостигаат фрески на јужниот ѕид, кој е долг 9,90 метри а од кој треба да зрачи погледот од мирните очи на Светителот Старец Јосиф Исихастот, опкружен со жени светителки, затоа што гласовите на жените монахињи, тие душевни светилки облечени во темнина, го облагородувале просторот на овој Манастир неприкинато низ вековите од кога е изграден.
Со молитва во срцата и со надеж дека овој христијански народ ќе ја пружи неопходната финансиска поддршка за ова да биде возможно.

Со љубов во Христа,
Сестрите од Манастирот Св. Архангел Михаил во Берово
 

  Berovo.Freskopis.jpg


     Во рамките на оваа вест  фрескопис на светителите:

  •  Целивна икона Богородица со Христос А3 формат - 300 евра (обезбеден донатор)

Пресвета Богородица со Христос – (обезбеден донатор)
Свети Григориј Палама – (обезбеден донатор)
Свети Никола– (обезбеден донатор)

  • Свети Јован Златоуст
  • Свети Леонтиј Ерусалимски и Струмички


Свети Архангел Михаил – (обезбеден донатор)
Свети Архангел Гаврил – (обезбеден донатор)
Старец Јосиф – (обезбеден донатор)
Света Марија Египетска – (обезбеден донатор)
Света Синклитикија – (обезбеден донатор)

  • Света Анастасија Римјанка (обезбеден донатор)
  • Света Петка
  • Света Евгенија
  • Света Теодора

  Една фреска чини 220 евра во денарска противвредност.

Средствата може да бидат уплатени на следната жиро сметка:
300-0300001815-70
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - СТРУМИЦА
МАНАСТИР СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ


  Сите заинтересирани можат да контактираат и на електронската адреса:

 Dushko.sv.Ilarion.jpg

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со љубов во Христа,
Сестринството на Беровскиот Манастир Свети Архангел Михаил

  Sinkli.fesk2.jpg

  Sinkli.Paraklis1.jpg

 

28-ми јануари, лето Господово 2014

 

Друго:

Sinklitikija.jpg

Berovo.Freskopis.jpg