Sinkli.Paraklis1.jpg

  Sinkli.Paraklis.jpg

   Sinkli.Paraklis1.jpg

 

  Sinkli.feski1.jpg

Завршена е Прва  фаза од  фрескописување (олтарен зид ), во кој што влегуваат фреските на : Св. Григориј Палама, Св.Николај, Св. Јован Златоуст Св. Леонтиј Јерусалимски и Струмички.


 Berovo.Freskopis.jpg

 Берово, 17-ти јануари, лето Господово 2014- манастир на св. Архангел Михаил на празникот на  Собор на Светите Седумдесет aпостоли

 Berovo.Freskopis.jpg


 Фрескопис на седум светители:  Св. Григориј Палама, Св.Николај, Св. Јован Златоуст Св. Леонтиј Јерусалимски и Струмички.

  Berovo.Freskopis.jpg

  Кој не верува во чуда, не верува во Творецот. А чудата се секаде околу нас, тие се нашето секојдневие, само што нашата душа е честопати заслепена и не може да ги восприеми. Чудо е секое изгрејсонце, чудо е самото наше постоење.  Чудо кое говори за Творецот и неговата сеприсутност е и волшебната природа на Беровскиот регион, каде Тој ја положил својата дланка. 
Во самото срце на таа чудесна Македонија, во самата срж на таа раскошна природна убавина се наоѓа женскиот манастир Свети Архангел Мхаил. Изграден во средето на древното Берово, сместен помеѓу убавината на природата и зелената шума, со својата автентичност говори за двовековната жива традиција на богоцентрично организираниот живот на монахињите, кои живееле и живеат во денешницата. 
Токму за да може секој добронамерник кој го пречекорува манастирскиот праг, со што влегува во Божјите одаи на земјава, да си го најде своето смирение, денес во манастирската црква, но и во новоизградениот параклис, посветен на Свети Григориј Палама и Старец Јосиф Исихастот секојдневно има Богослужби – Литургија, вечерна и повечерие.  За жал, Параклисот  кој е изграден оваа есен, сѐуште не е фрескописан. Така, една од земните Божји одаи стои неукрасена. 
Слаба утеха за сестрите а и за секој посетител е молитвата која како да зрачи од празниот малтер.  Но, кога таа молитва би сјаела од погледот на светците нарисани од раката на некое уметнички продуховено Божјо чедо, со смирението кое уметноста на фрескописанието го нуди би се продлабочило лековитото дејство  на самата молитва. 
Поради студот кој знае да го зафати Беровскиот регион, богослужбите во тек на зимата ќе мора да се одржуваат во овој, сѐуште не фрескописан Параклис.  Затоа сестрите се надеваат и секојдневно се молат,  со помош и поддршка на верниот народ, во најскоро време да успеат да го фрескописаат параклисот. Така народот ќе има место каде и во време на најголеми студови ќе си ја топли душата, уживајќи во чудата на животот кои Творецот ни ги нуди безрезервно и секој ден.

  Berovo.Freskopis.jpg


Во рамките на оваа вест се и трите скици на фреските и тоа:

  • - 1 фаза (во тек е фрескописување), олтарен зид во кој што влегуваат фреските на :

Св. Григориј Палама,
Св.Николај,
Св. Јован Златоуст
Св. Леонтиј Јерусалимски и Струмички.

  • - 2 фаза - западен зид на кој ќе бидат фрескописани :

Св. Архангел Михаил
Св. Архангел Гаврил.
- 3 фаза - јужен ѕид.

  • Една фреска чини 220 евра во денарска противвредност.

Средствата може да бидат уплатени на следната жиро сметка:
300-0300001815-70
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - СТРУМИЦА
МАНАСТИР СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ


Сите заинтересирани можат да контактираат и на електронската адреса:

 Dushko.sv.Ilarion.jpg

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со љубов во Христа,
Сестринството на Беровскиот Манастир Свети Архангел Михаил

Sinkli.feski.jpg

  Sinkli.fesk2.jpg

  Sinkli.Paraklis1.jpg

 

2-ри декември, лето Господово 2013

 

Друго:

Sinklitikija.jpg

Berovo.Freskopis.jpg