Aleksandra.Romanova.jpgБез благословот од Бога, без Неговото осветување на бракот, сите поздрави и добри желби од пријателите ќе бидат само празен звук. Без Неговиот секојдневен благослов во семејниот живот, дури и најнежната и вистинска љубов не ќе може да даде сè што му е потребно на жедното срце. Без благослов од Небото, сета убавина, радост, вредност на семејниот живот може да биде во било кој момент разрушена.
 Во градењето на домот треба да учествува секој член од семејството , и најпотполната семејна среќа може да биде достигната, кога сите чесно ги исполнуваат своите обврски.
 Еден збор опфаќа сè – тоа е зборот „љубов“, Во зборот „љубов“ има цел том мисли за животот и долгот, и кога доследно и внимателно го изучуваме него, секоја од нив истапува јасно и конкретно.
 Кога овенува убавината на лицата, згаснува блесокот на очите, а со староста доаѓаат брчки или оставаат свои траги и дупки болестите, грижите, љубовта на верниот маж треба да остане исто толку длабока и искрена, како и порано. Нема на земјата мерка, која може да  ја измери длабочината на љубовта Христова кон Неговата Црква, и ниту еден смртен не може да љуби со таква длабочина, но сепак секој маж е должен тоа да го направи во таков степен, во каков таа љубов е можно да се претстави на земјата. Ни една  жртва нема да му изгледа нему преголема заради љубената.
 Има нешто свето кое што предизвикува и речиси благоговеен страв во тоа, што жената, стапувајќи во брак, ги сосредоточува сите свои интереси на тоа, кого го зема за маж. Таа го остава домот на своето детство, мајката и таткото, ги раскинува сите конци, кои ја врзуваат со минтиот живот. Ги остава тие занимации, на кои порано се навикнала. Таа гледа во лицето на оној, кој ја побарал да стане негова жена, и со трепетно срце, но и со спокојна доверба му го врачува својот живот. И мажот со радост ја чувствува таа доверба. Тоа за цел живот ја составува среќата на човечкото срце, способно и на неискажана радост, и на неизмерни страданија.
 Жената во буквална смисла сè му оддава на својот маж. За секој маж тоа е торжествен момент – да прими одговорност за млад, кршлив и нежен живот, кој му се доверил нему, и го лула, заштитува, зггрижува, додека смртта не му го оттргне од рацете неговото богатство или не го порази него самиот.
 Во љубовта е потребна особена деликатност. Може да се биде искрен и предан, и сепак во зборовите и постапките да недостасува таа нежност, која така го поразува срцето. Еве совет: не демонстрирајте лошо расположение и оскорбителни чувства, не зборувајте гневно, не постапувајте глупаво. Ни една жена во светот нема да ја загрижуваат резките и непромислени зборови, илетани од вашите усни, како вашата сопствена жена. И најмногу од сè во светот плашете се да ја огорчите имено нејзе. Љубовта не дава право да се однесуваш грубо во однос на тој, кого го сакаш.
 Колку се поблиски односите, толку му е поболно на срцето од поглед, тон, гест или збор, кои зборуваат за раздразнетост или просто за непромисленост.

  

(Продолжува)

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

 

Друго:

 Александра Феодоровна Романова- За бракот и семејниот живот

 Александра Феодоровна Романова- За бракот и семејниот живот (2)