УСТАВОТВОРНОСТА НА СЕКУЛАРИЗМОТ

“Сакајте ја правдата, судии земни, со праведни мисли мислете за Господа, и барајте го во своето срце” (Мудрост Соломонова 1,1)

Повторно веронауката иако, изборен предмет, се јави пред Уставниот суд, за мене не е ниШто ново, и Самиот наШ Спасител Христос тоа ни го кажал: “но вие чувајте се сами, заШто Ќе ве предадат на судови”(Марко,13,9). Можеби некој смета дека во наШето мултиетничко опШтество,  ова не се однесува само на христијанството, бидејЌи веронауката опфаЌала уШте четири верски заедници во Р. Македонија, но толкувањето на членот 19 од Уставот, во медиумите се пренесе дека секуларноста значела одвоеност на државта од Црквата односно религијата, а во друг медуим осамна наслов, “Оче НаШ” не си во Уставот. Дали случајно или не, но во целава политичка игра, на ваквиот милитантен атеизам како најмногу  да му боде очи токму Црквата и христијанската веронаука. Немам ниШто против различните мислења, ставови и убедувања, но секуларизмот веЌе се промовира како државна религија. Па се Што е спротивно на секуларноста која по сите параметри е атеистичка, е забрането. Очигледно толку многу се чува уставотворната секуларност Што можат да ни позавидат и француските револуционери, ама и советските болШевици, а сметав дека онака либерално Ќе биде третирано и ова праШање.
Ова е само почеток на нешто што како христијани знаеме дека понатаму Ќе биде извесно. ВсуШност, и самиот Господ ни вели: “дури постојат небото и земјата ниту една црта или јота од Законот нема да се измени, додека не се исполни се”(Матеј 5,18). Затоа немам намера да ја бранам веронауката, бидејЌи потребата од запознавање со верата како изборен предмет аргументирано го образложија многу наШи отци, професори, интелектуалци и родители, а ја прифатија и самите ученици. Нема потреба ниту од притисок во стилот, сега му е мајката да покажете дека сте независни, бидејЌи тоа пред избори носи политички поен за да се уништи противникот, а од друга страна истите сеуШте се чувствуваат повикани да го одбранат идеолоШко-револуционерното наследство, секуларноста и атеизмот. Се бара одговорност за троШоците Што се направени, само за вероучителитите, не се споменати тие што предаваат историја на религиите, бидејЌи тоа им е онака посекуларно, а никој нема да понесе одговорност за клеветата дека училиштата се претвориле во цркви, иако факт е дека во училиШтата не се врШат богослужби, ниту било какви други чинови својствени за животот на Црквата, туку се даваат информации како и по секој друг предмет.
Нема потреба за возвраќање со иста мерка, како христијани отсекогаШ сме ги почитувале и Ќе ги почитуваме државните закони и Ќе се молиме за секоја власт, па дури и да е и иноверна или секуларна, затоа што се е според Божја промисла и допуШтање, а Бог е љубов, а Христос ни ја покажал на дело и постојано не упатува на неа. Љубовта не се дава со устави и закони, ниту пак е дел од полтичка кампања или иделогија, таа во сета полнота ни се дава во Христа Богочовекот. Нема потреба да ги трошиме од Бога дадените благодатни сили на постојано укажување за потребата од веронаука, ниту против оние на кои таа им смета. БидејЌи најпрво сме упатени на првиот дел од горенаведениот цитат, да се чуваме сами, да, преку она што значи милост, очистување на срцето, просветлување на умот и обожување низ постојана молитва и љубов. Ние нема да го спасиме светот, ако ги намразиме оние кои сакаат да се судат, човекот и светот се спасени, Христос за нас го изврШи спасителното дело, нам ни останува како што вели свети апостол Павле, да се подвизуваме во добар подвиг, верата да ја запазиме и да го чекаме венецот на правдата кој Ќе ни го даде Христос. А, преку тој подвиг поткрепени од Божјата благодат, во онаа мера во која Ќе го очистиме наШето срце и Ќе го просветиме наШиот ум и Ќе се обожиме, во толкава мера Ќе го обожиме и светот и Ќе го приведеме кон спасение .
Нема потреба да ни уакжуваат на придобивките од либерализмот, бидејЌи со него не соочи светиот апостол кој вели, се ми дозволено, но не ми е се полезно.
Повикани сме да се исполниме со љубов кон ближниот и кон непријателите и да се молиме за нив. Со тоа повеЌе Ќе придонесеме за нас, за тие околу нас и за опШтеството. Други можеби по своите секуларни и атеистичи убедувања Ќе се повикаат на пророчици и гатачи, на духот на предците, хороскопски знаци или обожувањето на природните појави, но ние Ќе се повикаме на Христос, Сонцето на Правдата. А, најголемиот аргумент за потребата од веронауката е дека таа Ќе не спаси од суеверието и простотата. Кој има уши нека чуе!

 

 Друго:

Архиепископ на МПЦ г.г.Стефан: Верата во Македонија имаше свој Велики Петок...