Заради зголемување на наталитетот Грузијскиот Патријарх е спремен да биде кум на секое трето дете во семејствата кои се жители на земјата


Тбилиси, 18.декември 2007.г.-

Грузијската Православна Црква е спремна на духовно старателство за секое трето дете од семејствата кои се државјани на Грузија. За тоа е кажано на 15. декември, во изјавата на Католикосот-Патријархот на цела Грузија Илија Втори. Во документот се вели дека "ако семејството сака, кум на секое трето дете, без оглед на верската припадност, ќе биде лично Католикосот-Патријархот". Првото такво крштевање ќе се изврши на 19. јануари 2008 г. во катедралниот собор Света Троица во Тбилиси. Во документот се вели дека фондот на Католикосот - Патријархот ќе отвори специјална сметка на која тие кои што сакаат можат да пренесат било која сума на пари, која подоцна ќе се подели помеѓу кумашинчињата на Католикосот - Патријархот, при секое Крштевање. Во изјавата се вели дека Илија Втори настапил со ваква иницијатива поради лошата демографска состојба во земјата. Кон крајот на 90-тите показателите на наталитетот и морталитетот се израмниле, и ако таа тенденција се продолжи и ако не се намали изливот на граѓаните од Грузија, во 2050 г. во Грузија ќе бидат се на се 3 милиони луѓе.
Смалувањето на бројот на грузијското население и неговото „стареење“ почнало  уште во 90-тите години во врска со социјално-економската криза. По пописот на населението од 1989.г. во Грузија живееле 5,5 милиони луѓе, а денес се 4,5 милиони.

Извор: ИТАР-ТАСС / Седмица.Ру

Подготви:С.С

Посети:{moshits}