Претседателот на Одделот за надворешни цркови врски на Московската Патријаршија во мај ќе ја посети Италија


Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски Иларион Алфеев во средината на Мај 2010 година, ќе отпатува во Италија и помеѓу другото ќе ги посети Рим и Ватикан.Средбата со Претседателот на папскиот совет за екуменизам, кардиналот Валтер Каспер најавена е за 19. Мај, известува Kathpress.
Вториот човек на Московската патријаршија ќе учествува  на симпозиумот "Сведоштвото  за Православието и Католицизмот во денешна Европа" кој ќе се одржи во новата руска црква "Света Катарина".
Ден потоа во ватиканската сала Павле VI ќе се одржи концерт на  Рускиот национален оркестар и Московскиот синодален хор, кој ќе изведе дела од руски автори. На концертот се очекува и присаство на папата Бенедикт XVI.
Архиепископот Алфеев во Милано ќе отслужи Божествена Литургија, а во Торино ќе го посети местото каде е изложено Светото платно, а потоа во Болоња ќе одржи предавање.

30 април 2010 год.

Подготви: Стојанка Тежак