Се одржа средба помеѓу Рускиот Патријарх Кирил и претседателот на САД Барак Обама (09.07.2009)


На 7 јули во големиот Кремлевски дворец се одржа средба на Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил со претседателот на САД Барак Обама.

Поздравувајќи го Патријархот Кирил, претседателот на САД изрази задоволство поради можноста за средба со Поглаварот на Руската Православна Црква, бидејќи, како што истакна Б. Обама, религиозните институции, а особено Руската Православна Црква, имаат големо значење за руското општество.

Од своја страна Рускиот Патријарх Кирил истакна дека тој исто така високо ја оценува можноста за средба со Претседателот на Соединетите Американски Држави. Според неговите зборови, за развојот на односите меѓу двете земји не се важни само политичките контакти на нивните лидери, туку и срдечниот однос меѓу народите.

„За тоа да не би било антиамерикански настроенија во Русија и антируски – во Америка, неопходно е да се вклучи срцето. Кај нас постои извонреден потенцијал за тоа. Руската Православна Црква го пренесе Православието на американскиот континент, и сега ние развиваме добри односи со нашите амеркански православни браќа. И дури за време на тешките години на ладната војна ние се трудевме да ги сочуваме добрите односи“ - истакна Патријархот.

„Многу е важно, што и американскиот и рускиот народ го чуваат христијанскиот систем на вредности, - истакна Поглаварот на Руската Православна Црква. – Ние сме најрелигиозни народи, и многу е важно што да постои постојан дијалог меѓу христијаните од нашите земји, бидејќи нашите два народа треба да се дружат“.

Како одговор господин Обама ја истакна заслугата на Рускиот Патријарх во зајакнувањето на христијанското единство и изрази подготвеност за соработка со Руската Православна Црква.

За спомен на средбата Рускиот Патријарх Кирил му подари на Претседателот на САД икона на Пресвета Богородица.

Прес-служба на Московската Патријаршија

Извор: патриархиа.ру

Преземено од : МПЦ