(13.03.2009)
Клириците на Владивостокската епархија први во историјата отслужија православна Божествена Литургија во главниот град на Виетнам Ханое.

 

Богослужбата беше отслужена на територијата на Рускиот центар за наука и култура, во рамките на пастирската посета на Виетнам на приморските свештеници од 5 до 12 март со благослов на архиепископот Владивостокски и Приморски Венјамин.

 

Потоа, клириците отслужија богослужба воочи празникот на Победата на Православието во градот Вунг тау.

 

Наредната пастирска посета на православното духовништво во Виетнам ќе биде за Велигден.

 

Извор: Интерфакс

Преземено од: http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=3581