3.angeli.so.truba

За време на благословениот Богородичен пост, искушеничката Латина Стаменкова од Ерусалимскиот Гетсимански манастир на Света Марија Магдалена, ги направи своите први чекори во монаштвото и беше потстрижана, добивајќи го своето монашко име Лаврентија. Инаку сестра Лаврентија е голем пријател на нашиот манастир и ценет соработник на манастирската веб страна, која долги години со голема љубов верно ги известува нашите читатели за сите новини поврзани со Светата Земја и Ерусалим.

3.angeli.so.truba


Нашето братство и сестринство, предводени од возљубениот ни Старец, Антанискиот Епископ Партениј, и посакува на сестра Лаврентија ревносно и до крај да го изоди монашкиот подвиг во слава Божја и за полза на Црквата, а за радост на ангелите и пораз на демоните.

 

 https://bigorski.org.mk/vesti/svet/monashki-potstrig-vo-manastirot-vo-getsimanija/