Под раководство на египетското Министерство за културно-историско наследство, беше завршена реставрацијата на поширокиот простор на манастирот св. Екатерина. Во проектот беше вклучено и комплетното уредување на околината, подобрување на патната мрежа што води до манастирот и до врвот на планината Синај, како и обезбедување на поголем паркинг простор. Сите овие работи се предвидени да привлечат уште повеќе поклоници кои овде доаѓаат да се поклонат на черепот на св. Екатерина, и да се восхитуваат на познатиот мозаик на Преображението во манастирскиот храм.

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/zavrshena-restavracijata-na-manastirot-sv-ekaterina-na-sinaj/