На 7 јуни во Градината на Пресвета Богородица се случи една особена крштевка. Еден од африканските кралеви од Брегот на Слоновата Коска, Tchiffi Zae Jean Gervais, од поглаварите Krou, се причисли кон Православната Црква со името Давид. Кралот беше крстен во Манастирот Кутлумуш од јеромонахот Дионисиј.

Кралот Tchiffi Zae Jean Gervais е Генерален секретар на Форумот на кралевите, кнезовите и поглаварите на Африка, основан во Август 2008 во Бенгази, Либија, а со седиште во Сирт либиски.

Исто така, тој е поглавар на Обединетите Кралства на Африка, „неполитичка платформа за општествен развој, која го поддржува претседателството и националната влада, институциите и народите, за поддршка на националните планови за развој“.

Извор:Бигорски манастир