29 декември 2016 лето Господово

Православна делегација од Фондот „Апостол Павле“ и Движењето „Сорок Сороков“,  во пресрет на Рождеството Христово кое Антиохиската Православна Црква во слави на 25 декември, го посети женскиот манастир посветен на Пресвета Богородица, во градот Сајденај. Претседателот на Фондот Апостол Павле, Валентина Ланцева и координаторите на Движењето Сорок Сороков, Андреј Кормухин и Игор Илјин, ги поздравија монахињите од Обителта за претстојниот празник и донесоа подароци за сирачињата од манастирскиот дом и децата од сиромашните семејства.

Овој манастир е основан од Императорот Јустинијан во VI век, во периодот кога Византиската власт била најсилна, а на она место каде што според Преданието, на царот му се јавила самата Пресвета Богородица. Сајденајскиот манастир е најголемиот женски манастир во Сирија. Сѐ до војната, ова место беше посетувано од огромно мноштво странски поклоници. Во 1985 година, на местото каде што една муслиманка поставила тегла со маслиново масло во знак на чудото кое Пресвета Богородица го направила за неа, се појавила силуета на Покровителката на манастирот. Најважна светиња во манастирот е иконата на Божјата Мајка – Сајденајска, која е една од четирите икони зографисани од самиот Апостол Лука. Таа се наоѓа во „ќелијата на матушката“, што претставува параклис во кој се влегува само со боси нозе, а во сребрен кивот во ниша зад метални шипки. Во ќелијата горат свеќи кои фрлаат светлина врз скапоценостите кои се обесени на ѕидот. Поклониците постојано се навраќаат овде, и ја преплавуваат иконата со своите скапоцености и изображенија на исцелени делови од телото, прицврстувајќи ги на ѕидот во знак на благодарност кон Богородица. Сајденај беше зафатен од војна. Контролни пунктови од православни доброволци се наоѓаат во околината и по улиците на градот. Манастирот во неколку наврати беше бомбардиран од страна на терористите. Денес во склоп на манастирот се наоѓа детски дом за девојчиња, кои останаа без своите родители за време на војната. Дечињата се опкружени со љубов и се наоѓаат во вистински раце. Пред извесно време, монахињите со свои раце изработија драгоцена копија од Сајденајската икона како подарок за Рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, луѓето кои ветија дека ќе ја испорачаат иконата, не го исполнија своето ветување. Монахињите бараа помош за да се најде оваа скапоцена копија и да се достави на вистинската адреса.

 

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир