Десетина православни цркви и манастири во Русија отвориле свои интернет-страници преку кои на верниците им нудат можност, за одредена сума пари, да нарачаат молитви за здравје или за покој на душата на своите најмили, информираат светските агенции. Според весникот „Известија“, на страницата на манастирот „Валам“, што се наоѓа во северниот европски дел на Русија, опелото за 40 дена по смртта на некоја драга личност чини 150 рубли (околу 4 евра), а околу 500 рубли чини молитва за целата година. Нешто поевтини се услугите на манастирот „Макарјевски“ во Татарстан, кој нуди опело за 1,5 евро. Калуѓерките во манастирот „Снаменски“ примаат прилози и по СМС-пораки, само под услов пораките да не чинат помалку од 20 евра. Ваквата акција на црквите наишла на негодување кај многу теолози, а меѓу нив е и познатиот професор на Теолошкиот факултет во Москва, Алексеј Осипов, кој ги повикува верниците, наместо да плаќаат по интернет, да отидат до најблиската црква и директно да му се помолат на Господ.

 Извор: Дневник

Посети:{moshits}