239796.b.jpg

20 јуни 2016 лето Господово

Според зборовите на раководителот на Одделот за односи на Црквата со општеството,игумен Теодосиј (Нестеров), се случува масовно ширење на кришнаитската идеологија во вид на културно-образовни проекти, кои го загрозуваат општеството и државата. „Настапувајќи како психолози, специјалисти за семејни односи за здрав начин на живот, за успешен бизнис, кришнаитските гуруа го програмираат сфаќањето на луѓето во правец на усвојување на современите окултно-мистични основи на движењето ’Њу ејџ‘ и ’псевдо хиндуизмот‘“, изјави отец Теодосиј.

„На соодветните тренинзи, семинари се зборува најправилно и во општо прифатливи рамки, за семејството, воспитанието, развојот. Но за нив нашето здравје, односите во семејствата и успехот во делата имаат третостепено значење. Таму всушност се поставуваат основните темели на одрекувањето од традиционалната православна духовност и навлегувањето во псевдо-духовната состојба на окултизмот, кој по своја суштина е сатанизам. Сето тоа се прави под маската на наводното ширење ’на вистински ведски знаења‘“.

„Во псевдо-хиндуистичките култови се крие страшна омраза кон сѐ што е христијанско, до степен на потполна замразување и патолошка злоба. Современиот, горделив, самољубив и препуштен на страстите човек, кој ја изгубил врската со своите духовни темели, лесно станува плен на ваквите активисти. Сето тоа се плаќа со долги изгубени години на својот живот, со здравјето на семејството, на ближните. Ваквите духовни проблеми имаат длабоки последици. Религиозната практика и учење на кришнаитите само ги умножуваат и разгоруваат страстите. Следбениците на кришнаитските проекти треба да знаат дека според учењето на основачот на ова учење ’реализираната душа‘ во моментот на озарение преживува каталептичен транс, паѓа во хистерија, почнува да се тресе, преживува одвојување и чувство на опустошеност. Во најдобар случај тоа е самоизмама: човекот ги смета психофизичките доживувања како откровенија, а во најлош станува збор за отворена форма на опседнатост“, заклучи свештеникот.

Кришнаизмот се претставува како безопасно ’егзотично‘ религиозно движење. Но всушност, оваа секта е поопасна од сите постоечки неопагански движења заедно. Додека, фашизоидните неопагански движеа отворено го отфрлаат христијанството, кришнаитите претпочитаат внесување на своите доктрини постепено, преку тренинзи по психологија, семејни клубови и продавници за вегетаријанска храна.

Извор: Православие.ру

Извор: Бигорски манастир