АМБАСАДА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Скопје, 2 октомври 2015 година



Соопштение

Почитувани,

Ве известуваме дека од 7 до 8 октомври 2015 година, во Охрид, ќе се одржат културни настани по повод презентацијата на “Православна ециклопедија”, најголемото енциклопедиско издание за православието, организирани од страна на Амбасадата на Русија во Македонија и Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје.

Самата презентацијата на „Православна енциклопедија“ ќе се одржи на 7 октомври 2015 година (среда) во 11 часот во Универзитетскиот Конгресен центар во Охрид. На 8 октомври 2015 година со почеток од 18 часот во црквата „Св.Софија“ во Охрид ќе се одржи концерт на хорот на Подворје на Руската православна црква од Софија.

Во овие настани ќе земаат учество Специјалниот пратеник на Претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка,  г. Михаил Швидкој, Амбасадорот на Русија во Македонија, г. Олег Шчербак, Поглаварот на Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, д-р проф. Велимир Стојковски, заменик Министерот за култура на Република Македонија, г. Драган Недељковиќ.