01 октомври 2015 лето Господово

Во Крим започна изградба на подводен православен храм. Севастополските нуркачи поставија крст во еден од заливите во Фиолент на дваесетина метри длабочина.

Како што изјави претставник на прес службата, ова е прв во светот подводен храм кој ќе биде посветен на Св. Николај – покровителот на морнарите.

Двометарскиот крст кој беше поставен на 27 септември, е направен од челик што не рѓосува и стои врз масивна армирано-бетонска основа, со тежина од околу 3 тона. Иницијатор на акцијата е Архимандрит Тихон свештенослужител од Роменската епархија на Украинската Православна Црква (Московска Патријаршија). Во врска со ова тој изјави: „Подводниот храм ќе изгледа како храм. Внатре ќе има изображенија, икони – сѐ ќе биде како во црква. Најверојатно тоа ќе бидат барелјефни икони изработени од челик што не рѓосува или камен“.

Извор: Седмица.ру

Преземено од: Бигорски манастир