3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

03 јуни 2014

Саботата на 01 јуни, по долга болест се упокои старец Мојсеј од Света Гора176744.p.jpg соопштува сајтот „Света Гора“. Монахот Мојсеј Светогорец се родил во Атина во 1952 година. Тој бил иконописец, поет, критичар и писател. Издал 52 книги и напишал повеќе од илјада статии. Неговите трудови се преведени и издадени во многу земји од светот. Отец Мојсеј зел учество во повеќе од 80 научни конференции. Бил основач и главен уредник на Светогорското списание „Протатон“.

176744.p.jpg

Ја вршел должноста на постар секретар во свештениот Кинот на Света Гора. Цели 25 год. тој беше старец на Каливата (на скитот) посветен на св. Јован Златоуст, којшто припаѓа на манастирот Кутлумуш (посветен на Св. Пантелејмон).

 Старец Мојсеј беше еден од најпознатите Атонски монаси и писатели.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир