Мајанско Православие: Експлозија на верата

ред само четири години, бројот на православни христијани во Латинска Америка се зголемил значително откако десетици илјади Гватемалци, потомци на древните Маи, се преобратиле кон изворното христијанство. По тој повод, на 18 мај оваа година, во Световладимирската богословија во Њујорк е закажана јавна презентација: „Мајанско Православие: Експлозија на верата“, за да се објави овој зачудувачки и неприкосновен феномен.

Џеси Брендоу е долгогодишен мисионер во Гватемала, и на закажаната презентација ќе говори за минатите победи на Православието во земјата на Маите, но и за идните предизвици со кои допрва ќе се соочи оваа заедница. Според г. Брендоу, она што е најважно е да се подигне свеста кај православните христијани за новиот пламен на верата кој гори во Латинска Америка, за потоа да се покаже солидарност со Мајанската Црква, која би можела да придонесе за ширење на Православието низ Средна и Јужна Америка.
Мајанско Православие

Мајанско Православие

Мајанско Православие

Инаку, терминот „Мајанско Православие“ обединува група на неколку илјади Гватемалци и Мексиканци кои, како плод на мисијата на Грчката православна митрополија на Мексико, во 2010 година се крстиле во Православната Црква. Се нарекува „Мајанско“ затоа што поголемиот број верници се наследници на древната цивилизација на Маите. Поголемиот дел од нив биле Римо-католици кои одлучиле да заминат од РКЦ поради различни причини. Поголемиот дел од нив биле соблазнети од римо-католичкиот литургиски релативизам, особено после Вториот ватикански собор. Сите овие членови и заедници биле обединети од поранешниот римо-католички свештеник и активен политичар, сега веќе упокоениот отец Андрес Жирон, кој е најзаслужен за сеењето на православното семе на тие простори.

Мајанско Православие
Мајанско Православие

Мајанско Православие

Мајанско Православие


Извор: MayanOrthodoxy.com, OCA.org

Преземено од: Кумановско- осоговската епархија