Документарен филм „Архиепископ Лука. Професор по хирургија“
Posted on понеделник, Февруари 11, 2013 by ѓтп

Архиепископoт Лука (пред замонашување Валентин Феликсович Војно-Јасенецкиј) се родил во Керчи на 27 април 1877 г. По завршувањето на уметничкото училиште, размислувајќи дека е должен да се занимава со „она што е корисно за страдалните луѓе“ ја избрал медицината. По завршувањето на факултетот се занимавал со медицинска практика и научни истражувања Во 1920-ите години работел како хирург во Ташкент, активно учествувајќи и во црковниот живот.

По тригодишно служење во чин свештеник отец Валентин прима монашки постриг со името на свети апостол, евангелист и лекар Лука. На 30 мај 1923 г. јеромонахот Лука бил тајно хиротонисан за епископ. Оттогаш почнува крстниот пат на владиката како исповедник. Многубројните апсења, испрашувања и прогони не ја ослабнале ревноста на светителот во исполнувањето на архипастирскиот долг и служењето на луѓето како лекар. Тој вели: „Ако го опишувате мојот живот, не обидувајте се да ги раздвојувате хирургот и епископот.“

Документарниот филм „Архиепископ Лука. Профессор хирургии“ од серијата “Русские праведники”. (ТК Сретение, 2010 г.)

Архиепископ Лука. Професор по хирургија from протоѓакон Т.П. on Vimeo.

Извор : http://ortos.wordpress.com/