Гватемала... експлозија на Православието! (05.10.2012 21:22)
Би сакале нашите отци, браќата и сестрите да ги запознаеме со големото чудо кое Светиот Дух Господ го прави во Гватемала. Според Зборовите на псалмопејачот: „нема меѓу боговите таков како што си Ти, Господи, и нема дела такви како што се Твоите. Сите народи, кои си ги створил, ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, Господи, и ќе Го слават името Твое. Оти си Ти голем и твориш чудеса; Ти си еден Бог“ (Пс. 86:8-10). Гватемала, земја во централна Америка, чиешто мнозинско население го сочинуваат племињата на Маите, во претстојните години, ако даде Бог, ќе стане столб на Православието во западната хемисфера. Во моментов тоа е најправославната земја во западната хемисфера ако се земе предвид процентот во однос на вкупниот број жители. Тажно е тоа што додека луѓето во светот читаат книги и гледаат филмови со наводното Маино пророштво за крајот на светот во текот на оваа, 2012. године, не знаат дека Маите … стануваат Православни!
Мајка Инес и о.Михаил
Новото прифатилиште за сираци
Манастир на Света Троица (Антиохиска Православна Црква) „Виe сте светлината на светот; не може да се сокрие град на врв планина. Ниту пак светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.“ (Мт. 5:14-15). Мајка Инес извршувајќи ги заповедите Господови покажа дека е верна слугинка Господова, а Господ направи властите да ја препознаат нејзината доблест. Државните власти најголемото прифатилиште за сираци во земјата во престолнината на Гватемала ѝ го предале на управување на мајка Инес и нејзините монахињи. Мајка Инес на тие деца им дарува сигурно уточиште, храна, образование, но што е најважно – дарот на живата вера во Господа, љубовта кон Него. Низ прифатилиштето за сираци поминале околу 1000 деца, преку 300 се усвоени од страна на православни семејства во Америка. Плодот од работата на мајка Инес се гледа во тоа дека овие деца и по заминувањето од прифатилиштето (некои од нив кои се напуштени, им се враќаат на родителите) продолжуваат да водат редовен литургиски живот.
Сè тргна од отец Андрес Жирон. Истакнат римокатолички свештеник, грижлив за својата паства, тој се борел и најсиромашните слоеви да добијат земјиште од државата за да преживеат. Во 80-тите години на минатиот век тој го предводи прочуениот марш („La Marcha“) по цела Гватемала во борбата и на најсиромашните да им се даде земја и така тие да преживеат. Бил пратеник во собранието на Гватемала и претставник на Гватемала во Обединетите нации. Во таа борба успеал со свои раце да подигне 42 села и 338 храмови за Гватемалците. Затоа и Маите му се безгранично лојални и предани. „Бог си спомна за молитвите твои и милостињите твои.“ (Дела ап. 10:4).
Парохиите во Малага и Пинула…
Свети Инокентиј Московски, апостол на Америке и на Сибир проповедајќи на Алјаска говореше: „Гледам во ова еден од патиштата на Промислата Православието да влезе во Соединетите Американски Држави.“ Се надеваме дека Светиот Дух преку Гватемала ја отвора вратата за голема мисија на Православието во цела Латинска Америка. Се надеваме дека единствено називот „Латинска Америка“ во иднина ќе биде само споменик кој ќе потсетува на минатите времиња, дека наскоро овој огромен континент ќе дише и живее со Православието, верата на Апостолите, верата на Отците…
Извор: МПЦ-ОА