Призив кон вера и љубов
St. Ignatios the Godbearer

Св. Игнатиј Богоносец

Ниту една од овие работи не се сокриени од вас, ако вие совршено ја имате таа вера и љубов кон Исус Христос, кои се почеток и крај на животот. Бидејќи, почетокот е верата, а крајот е љубовта. Овие две работи, кои се нераздвојно поврзани меѓу себе, се од Бога, додека сите останати работи кои се потребни за свет живот следат после овие две. Ниту еден човек кој навистина исповеда дека верува – не греши, и тој што има љубов – не мрази никого. Дрвото се познава по плодот; така што тие кои исповедаат дека се Христијани, ќе бидат препознаени по нивното однесување. Бидејќи, сега не се бара просто исповедање, туку човекот да биде постојано во силата на верата се до крајот.

Така, ниту една од ѓаволските лукавштини нема да бидат сокриени од вас, ако, како Павле, совршено ја имате таа вера и љубов кон Христа, кои се почеток и крај на животот. Почеток на животот е верата, а крајот е љубовта. И овие две, кои се нераздвојно поврзани меѓу себе, го прават совршен Божјиот човек, додека пак, сите останати работи кои се потребни за свет живот, следат после овие две. Ниту еден човек кој ја исповеда верата не го следи гревот, ниту еден кој е исполнет со љубов не го мрази братот свој. Бидејќи Тој што рекол: „Љуби Го Господ твојот Бог”, исто така рекол „и твојот ближен како самиот себе”. Тие кои исповедаат дека се Христови, не се познати само по тоа што го велат, туку и по тоа што го исполнуваат. „Бидејќи дрвото се познава по својот плод”.

Извор: Epistle to the Ephesians, Chapter XIV.

Преземено од:

 http://maranata0.wordpress.com/2009/08/20/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D0%B2-%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%B8-%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2/