sv.Ignatij.Brjancaninov2a.jpg

За читањето на светите отци

 Разговорот и општењето со ближните многу дејствува врз човекот. Разговорот и познанството со научници соопштува многу докази, со поет – многу возвишени мисли и чувства, со патник – многу познавања за држави, карактери и народни обичаи. Очигледно, дека беседата и познанството со светите соопштува светост. Со преподобните преподобен ќе бидеш, и со маж непорочен непорочен ќе бидеш, и со избраните избран ќе бидеш. (Пс. 17, 26 – 2).
 Отсега, за време на краткиот земен живот, кого Писмото не го нарекло ни живот, а странствование (туѓинување), запознај се со светите. Ти сакаш да припаѓаш на небо во нивното општество, сакаш да бидеш учесник во нивното блаженство? Отсега стапи во општење со нив. Кога ќе излезеш од храмот на телото, - тие ќе те примат кај себе, како свој познат, како свој другар.
 Нема поблиско познанство, потесни врски, како врската со единство на мислите, единство на чувствата, единство на целта. Каде што е единомислието, таму неминовно е и единодушието, таму неминовно има една цел, еднаков успех во достигнувањето на целта.
  Усвој ги за себе мислите и духот на светите отци со читање на нивните дела. Светите отци ја достигнале целта: спасението. И ти ќе ја достигнеш таа цел по природниот тек на работите. Како единомисленик и единодушен со светите отци, ти ќе се спасиш.
 Небото ги примило во своето блажено недро светите отци.Со тоа, тоа посведочило дека мислите, чувствата, делата на светите отци, му се благоугодни нему. Светите отци ги изложиле своите мисли, своето срце, образот на своите дејствија во своите писанија. Значи, верно раководство кон небото, засведочено од самото небо – се писанијата на отците.
 Делата на светите отци сите се составени под вдахновеност или под влијание на Светиот Дух. Чудесна е во нив согласноста, чудесно е помазанието! Оној кој се раководи со нив, без секаков сомнеж, за раководник го има Светиот Дух. Сите води од земјата се слеваат во океан, и можеби, океанот служи како почеток на сите води земни. Делата на отците се соединуваат сите во Евангелието; сите се стремат кон тоа, за да нè научат на точно исполнување на заповедите на Нашиот Господ Исус Христос; на сите нив и извор и завршеток е – светото Евангелие.
 Светите отци учат како да се пристапува кон Евангелието, како да се чита, како правилно да се разбира, што му содејствува, а што му пречи на неговото разбирање. И затоа, на почеток подобро занимавај с со читање на светите отци. Кога тие веќе ќе те научат да го читаш Евангелието, тогаш веќе првенствено читај го Евангелието.
 Не сметај го за себеси доволно читањето само на Евангелието, без читањето на светите отци! Таа – е горда мисла, опасна. Подобро дозволи да те приведат кон Евангелието светите отци, како свое возљубено дете, кое добило предварително воспитание и образование со посредство на нивните писанија.
 Многу, сите кои ги офрлиле безумно, кичливо светите отци, и пристапиле непосредствено, со слепа дрскост, со нечист ум и срце кон Евангелието, паднале во погубна заблуда. Нив ги отфрлило Евангелието: тоа ги допушта кон себе само смирените.
 Читањето на писанијата на отците – е родител и цар на сите добродетели. Од читањето на делата на отците се учиме на вистинско разбирање на Светото Писмо, на правата вера, на живот по евангелските заповеди, кратко речено, - на спасение и на христијанско совршенство. Читањето  на делата на отците, по намалувањето на духоносните наставници, станало главен раководител за оние кои сакаат да се спасат и дури и да достигнат духовно совршенство.
 Книгите на светите отци, според зборовите на еден од нив, се подобни на огледала: Гледајќи се во нив внимателно и често, душата може да ги виде сите свои недостатоци. Пак – тие книги се подобни на богата збирка на лековни средства; во неа душата може да побара спасителен лек за сите свои немоќи.
 Свети Епифаниј Кипарски рекол: „Еден поглед на свештените книги возбудува кон благочестив живот“.
 Читањето на светите отци треба да биде срдечно, внимателно и постојано: нашиот невидлив непријател, кој го мрази гласот на утврдувањето, мрази особоено, кога тој глас излегува од светите отци. Тој глас ги изобличува сплетките на нашиот непријател, неговото лукавство, ги открива неговите мрежи, неговиот образ на дејствување: и затоа непријателот се вооружува против читањето на отците со разни горди и хулни помисли, се труди да го турне  подвижникот во суетни грижи, за да го одвлече од спасителното читање, го обременува со униние, досада, заборавеност. Од таа борба против читањето на светите отци ние сме должни да заклучиме, колку е  за нас спасително оружјето, толку намразено од непријателот. Усилно се труди нешијателот за тоа, да би го оттргнал од нашите раце.
 Секој нека си избере за себе читање на отците, какво што му соодветствува на неговиот образ на живот. Отшелникот нека чита отци, кои пишувале за безмолвието; инокот, кој живее во општежитие, - отци  кои напишале поуки за монашките општежитија; христијанинот, кој живее среде светот – светите отци, кои ги произнеле своите поуки воопшто за целото христијанство. Секој, во каков чин и да бил, нека црпи обилни поуки во делата на отците.  
 Неодменливо е потребно читање, кое соодветствува на начинот на живот. Инаку ќе се полниш со мисли, нека бидат и свети, но неисполнливи на дело, кои возбудуваат бесплодна дејност само во мислите и желбите; делата на благочестие, кои му приличат на твојот начин на живот, ќе се лизгаат од твоите раце. И малку тоа, што ќе станеп бесплоден мечтател, - твоите мисли, наојѓајќи се во постојано противоречие со кругот на дејствијата, постојано ќе раѓаат во твоето срце смутување, а во поведението неопределеност, тешкотии, штетни за тебе и ближните. При неправилно читање на Светото Писмо и светите отци лесно може да се застрани од спасителниот пат во непроодни џунгли, и длабоки пропасти, што и се случило со многумина. Амин.

 

Подготви: Златко Дивјаковски