Stefan.V.CHetvtok.jpg

Исповедта

 На исповедта не треба да се ограничуваме само на она што  прашува духовникот, туку, после одговорот на неговите прашања, треба  да ги изнесеме и личните забелешки за себеси, кога станува збор за делата на совеста.

 Кај подножјето  на крстот обновете ја вашата вера во чудесниот и пречудесниот домострој на нашето спасение, оживејте ја надежта во вашето сопствено спасение, со силата на домостројот кој сте го примиле и кој се одвива преку она што од вас се бара; утврдете се во одлуката да одите во волјата на Оној Кој Себеси се предал за нас и непоколебливо останувајте во неа, дури и смрт да ви се заканувала.

 Господ на гордите се противи, а на смирените им дава благодат (Изрек. 3, 34). На овие зборови потсети се особено тогаш кога одиш на исповед. Ништо како гордоста не го врзува така јазикот, да не може да каже: грешен сум. Смири се пред Господа, не штеди се себеси, не плаши се од присуството на човекот. Откриј ја својата срамота да се испереш; покажи ги своите рани да се иселиш; кажи ги сите свои неправди за да се оправдаш. Колку понемислосрден бидеш кон себеси, толку повеќе милосрдие кон тебе ќе покаже Господ, и ќе си отидеш  со слатка утеха дека си помилуван. Тоа и е благодатта на Господа нашиот Исус Христос, која од Него им се дава на оние кои се смируваат ссо искрено исповедање на своите гревови.

 За исповедта подобро да би се одвивала и извршувала, пробајте да запишувате сè што ви лежи на совеста и кога ќе дојдете кај духовниототец, замолете го сè да му кажете според она што сте го запишале... После тоа, ако посака уште нешто да ве праша нека го направи тоа или вие самите тоа предложете му го. Ако така постапувате, вие од аналојот секогаш ќе си одите како да сте слекле од себе сè што ве стега од облеката.

 Свештеникот на исповедта не постапил добро. Но и вие сте можеле да го замолите да почека еден момент. Сепак,немојте да се вознемирувате. Тоа што не сте кажале, не е притајување на гревовите, зашто заради вашата намера да исповедате сè, ни Господ тие гревови нема да ги земе така, да би требало да ве сметаат недостојни за причестување. Друг пат немојте да го завлекувате свештеникот... кажете сè – и она што сте сакале да го кажете, а не сте можеле.

 ... Човек сиот лепрозен, и штом Го виде Исуса, падна ничкум и молејќи Му се, рече: Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш. Господ рече: Сакам, очисти се! И веднаш лепрата падна од него (Лк. 12, 13). Така и секоја духовна лепра исчезнува истиот час кога некој ќе падне ничкум пред Господа, со вера, покајание, и исповед. Таа тогаш навистина исчезнува и губи секаква моќ над него. Но, зошто лепрата понекогаш се враќа? Се враќа од истата причина од која се враќаат  и телесните болести. На оној кој оздравел му советуваат: „ова немој да јадеш, ова немој да пиеш, таму немој да одиш“. Ако не послуша, пак ќе ја предизвика болеста. Така е и во духовниот живот. Треба да се биде трезвен, бодар, да се молиме, па гревовната болест нема да се врати. Но ако не почнеш да внимаш на себеси, ако си допушташ без размислување сè да гледаш, слушаш, зборуваш и правиш – како гревот одново да не добие поттик и сила? Господ на лепрозниот му заповедал да исполни сè по законот. Еве што тоа значи: после исповедта треба да се прифати епитимијата и точно да се исполнуваа, зашто во неа е скриена голема заштитна сила. Зошто некој вели: „Ме совладала грешна навика и не можам да излезам на крај со себеси“? Еве зошто: или покајанието и исповедта не биле потполни, или после не се држел внимателно, или си попуштал себеси. Сака сè да постигне без труд и самопринудување, па бива исмеан од непријателот. Биди одлучен да се бориш до смрт и покажи го тоа на дело: ќе видеш каква сила е скриена во тоа. Вистина е дека ѓаволот ја завладејува душата со секаква страст која несовладливо се покажува, но тоа не е оправдување; зашто тој ќе се оддалечи оној момент кога, со Босжја помош, ќе изведеш преврат во себеси.

 Треба да се разликува просто прераскажување на сè она што било на душата, то ест откривање на помислите што е пракса во манастирите, од исповедта како Света Тајна... Оваа последната е потребна кога нешто ја оптеретува совеста. Бидејќи работата е многу субјективна, тука не може да се спроведе предметно разграничување. А се останато може само да се прераскажува, со барање совет... Кај светителот Димитриј тоа служи како секојдневна исповед... и во моилитвите пред одење на спиење постои нешто слично. Меѓутоа, за душата секогаш е подобро кога ќе добие разрешување во Светата Тајна. Мислите на кои се задржувало вниманието исто така можете да не ги прераскажувате, во зависност од предметот. Посебно просудување бараат оние мисли кои се допреле до чувствата или, уште повеќе, оние кои предизвикале сочувствување, а уште повеќе – оние кои придвижуваат согласност...

 Скрушеноста за гревовитее е попотребна и од самото набројување на гревовите, иако и тоа е неопходно. И повеќе молитвени воздивнувања од срцето отколку читање молитви, иако и читање е неопходно. Суетата треба да се изгони од душата и во неа да се создаде побожност. Кога таа побожност ќе се создаде во душата, треба со неа и да се останува.

 ... Прашањето и советта, како и откривањето на помислите, страшни се за непријателот.
 Да се запишуваат гревовите за исповед – тоа е добро правило. Навикнувајте се еве на што: секој пат кога ќе се прикраде зла мисла, чувство, желба, збор, дело... истиот час кајте се пред Господа, Секадеприсутниот и Севидливиот, со скрушеност и со одлука во иднина да бидеме повнимателни.

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.