Кусо молитвено правило на преподобниот Серафим за световниците

sv.Serafim.Sarovski.medo.jpg

               Станувајќи од спиење секој христијанин, осенувајќи се со крсниот знак и застанувајќи на одбраното место, треба да ја чита спасоносната молитва која самиот Исус Христос им ја предаде на Своите ученици: Оче наш, до крај, три пати, потоа во чест на Мајката Божја: Богородице Дево, радувај се, до крај, исто така три пати и најпосле, еднаш' Симво-лот на верата (Верувам во единиот Бог...).
Откако ќе го заврши тоа утринско правило, секој христијанин, од било кој пол, професија или род, нека оди на работа за која е поставен или повикан.
Движејќи се на патот или занимавајќи се со работа дома, тивко нека вели: Господе Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене Грешниот (или Грешната).
Ако пак, заради некоја потреба го опкружуваат луѓето, тој занимавајќи се со делото, со умот нека говори единствено: Господи помилуј, и така нека продолжи се до ручекот.
Пред ручек нека го повтори наведеното утринско правило. По ручекот, секој христијанин, исполнувајќи ја својата работа, исто така тивко нека изговара: Пресвета Богородице, спаси ме Грешниот (или Грешната) и така нека продолжи се до сонот.
                     Кога ќе се случи да е осамен, нека говори: Господи Исусе Христе, преку Богородица помилувај ме Грешниот (или Грешната).
                       Приближувајќи се кон времето за сон, секој христијанин треба да го повтори наведеното утринско правило, значи: Оче наш, до крај, три пати, потоа во чест на Мајката Божја: Богородице Дево, радувај се, до крај, исто така три пати и најпосле, еднаш Символот на верата (Верувам во единиот Бог...), и потоа нека заспие осенувајќи се со крсниот знак.
                     При тоа преподобниот, укажувајќи на примерот на светите отци и на праведните старци, велеше дека, секој христијанин што внимава на ова мало правило како спасоносна котва среде брановите на светската суета и со смирение го исполнува, може да достигне христијанско совршенство и божествена љубов, затоа што овие три молитви се основа на христијанството: првата - затоа што ги претставува зборовите на самиот Господ, која Он ја поставил како образец на сите молитви, втората - затоа што архангелот ја донесе од небото како поздрав на Пресветата Дева, Мајката Господова и како крајноаголен камен на Новиот Завет, и третата - затоа што во себе накратко ги собира сите догми на христијанската вера.
                    Ако христијанинот, држејќи се до ова правило, има уште слободно време, нека додаде и други спасоносни молитви и читања, на пример, неколку зачела од Светото Евангелие и од Апостолот, или канони, ака¬тисти, псалми и молитви, при тоа смирено двојно фалејќи Го Грспода што го удостоил да Му принесе уште нешто од свештените плодови. Преку тоа, тој малку по малку се воздигнува на врвот од христијанските доблести.
                   Оној што не е во состојба да го исполни дури ниту ова мало правило (на пример, слугата заради обврските кон господарот, или службеникот заради обврските кон својата должност), преподобниот го советува да го изврши макар и на постела, или во одење, или при извршување на работата, бидејќи словото Божјо вели: Бидејќи секој, кој Го призове името Господово, ќе се спаси (Рим. 10,13).

 

Ќелијано правило кое преподобниот Серафим им го задал на монахињите од Дивеевскиот манастир

                    Наоѓајќи дека правилото на саровските монаси, до кое со целосна строгост се држеа во општината на мајка Александра, е тешко и дека ги надминува силите, преподобниот Серафим на сестрите на "Млинското" Дивеевско сестринство им дал секојдневно правило, коему го предала Богородица.
                   Станувајќи од постела наутро треба (во ќелијата) да се прочитаат:
Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице,секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено си го родила Бога Словото, тебе, која си Богородица, те величаме (Еднаш).
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници, и не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот (Три пати).
Богородице Дево, радуј се благодатна Марие, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на нашите души (Три пати).
И символот на верата: Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на се видливо и невидливо;
И во Едниот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отца пред сите векови; Светлина од Светлина; Бог вистински од Бога вистински роден, несоздаден, единосуштен на Отца, преку Кого се станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
И беше распнат заради нас во времето на Понтијскиот Пилат и страдаше и беше погребен;
И воскресна во третиот ден според Писмото;
И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца;
И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отца, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отца и Сина и Кој говорел преку пророците;
Во една света, соборна и апостолска Црква;
Исповедувам едно крштение за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин (Еднаш).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешната (Два пати со половични поклони).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај не нас грешните (Еднаш со половичен поклон).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, со Госпоѓа Дева Марија Богородица, помилувај ме мене грешната (Два пати со половични поклони).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, со Госпоѓа Дева Марија Богородица, помилувај не нас грешните (Еднаш со половичен поклон). И како заклучок на тоа правило, клечејќи:
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилувај не нас грешните (Дванаесет пати со половични поклони).
Владичице моја, Пресвета Богородице, спаси не нас грешните (Дванаесет пати со половични поклони).
                Потоа да се читаат утрените молитви.
Сето тоа треба да се прави по ќелиите. Сестрите што се трудат, сето тоа можат да го прочитаат и во одење, на работа.
До ручек, мислено (во себе) треба да се чита Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешната.
По трпезата до ноќта треба мислено да се чита: Владичице моја, Богородице, спаси не нас грешните.
Потоа вечерното правило во црквата.
Дванаесет одбрани Псалми.
Поменик.
Поуки.
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилувај не нас грешните (100 пати со половични поклони).
Владичице моја, Богородице, спаси не нас грешните (100 пати со половични поклони).
Потоа спомнатото правило на братот.
Ноќта, пред легнување во постела, секоја во ќелијата нека Го прочита правилото на преподобниот Серафим и молитвите пред спиење.
Мајката Божја на преподобниот Серафим му наложила, читањето на акатистот да не биде задолжително, за да се избегне тежината и одвишниот грев на душата (доколку не се изврши читањето).

Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за се (1 Сол. 5,16-18)

 Н.Левитски

СВЕТИ СЕРАФИМ САРОВСКИ

Издавач :  ЃаконијА , 2004 г.

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички Агатангел

Превод: Жаклина Трајчев

 

ЌЕЛИЈНО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО НА ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ 

 

 (Продолжува)

Св.Серафим Саровски - ПОВИК

 
 
 
Друго: