„Еден ден со владиката Јован патувавме кон аеродромот.

SvJovanSHANGAJSKI

По пат ми рече да се вратиме на гробиштата. Му одговорив дека авионот нема да нè чека, но владиката настојуваше.Стигнавме на гробиштата, а тој почна да ги обиколува сите гробови. А ги имаше илјадници!

Времето минуваше, доцневме за авионот, а тој упорно одеше и бараше некого. Се налутив и се вратив во автомобилот, додека владиката продолжи да бара.По неколку часа конечно го најде – некаде на самиот крај од гробиштата.Се покажа дека тој човек токму тој ден имал годишнина од своето упокојување.

Владиката отслужи помен на неговиот гроб, а потоа се врати во автомобилот и рече:„Сега да одиме на аеродром!“

Кога пристигнавме, дознавме дека авионот бил задржан.

Светителот отпатува како ништо да не се случило.“

 

(Од спомените на Владимир Красовски, регент на Новата катедрала во Сан Франциско.)