СВЕТИОТ АВВА АНТОНИЈ РЕКОЛ:

          „Ги видов мрежите на ѓаволот,што ги раширил по целата земја“.Почнав да офкам и реков:
Тешко му на човечкиот род!
Кој ќе може да се избави од нив?Тогаш ми беше речено:
смирението спасува од нив,зашто тие него неможат да го уловат.
Како ги видел светецот овие мрежи-со своите духовни или со своите телесни очи?И кои се оние што му рекле:
„Смирението спасува од нив,зашто тие не можат него да го уловат?“
-Авва Макариј велики-Египетски-ученикот на Свети Антониј,исто така,во внатрешната скитска пустина ги видел сите ѓаволски искушенија во исто време кога и свети Антониј,само ги видел во друг вид.Свети Макариј ги видел демоните како два човека.Едниот од нив бил облечен во искината облека,искрпена со разнобојни крпи,а другиот бил облечен во износена облека,врз која имало некаква мрежа,на која имало обесени меурчиња,а кон него приоѓал некој,кој бил покриен со своите крила како со некој покров.Свети Макариј ги видел нив со своите телесни очи.А свети Антониј ги видел демонските мрежи со своите духовни очи-како што се гледа видение:ги видел сите тие демонски мрежи кои тие ги поставуваат за монасите,во кои се трудат да ги уловат,да ги обмотаат и да им попречат успешно да врват по својот пат на добродетелите,како што е напишано:
„ГОРДЕЛИВИТЕ ТАЈНО МИ ПОСТАВИЈА СТАПИЦИ И РАСПНАА ПРИМКИ ОД ЈАЖИЊА ЗА МЕНЕ;НА ПАТОТ МИ ПОСТАВИЈА СОБЛАЗНА“(ПСАЛ.139,5).
       Свети Антониј ги видел поставените ѓаволски мрежи така,како што ловците ги поставуваат своите мрежи.Гледајки ги,тој се вџашил и се вчудоневидел од мноштвото мрежи и стапици,од кои не би можел да се спаси никој што би бил фатен во нив.на ваков начин светиот отец ги видел сите душевни и телесни страсти,со кои демоните ги напаѓаат монасите.Видел тој и свети ангели,кои му ја именувале мрежата на секоја страст:мрежата на прејадувањето,мрежата на среброљубието,мрежата на блудот,мрежата на славољубието,мрежата на гордоста и мрежите на другите страсти.Освен тоа,тие му ги покажале сите лукавства и итрини при наместувањето на демонските мрежи и стапици,со кои им поставува на монасите пречки на нивното чекорење по големиот пат на Божјата љубов.И,исплашен од ужасот што го видел,тој заофкал и рекол:
Тешко на нас-монасите!кој ќе не' избави и кој ќе не спаси од овие мрежи,за да не бидеме фатени и заплетени во нив?
-Тогаш ангелите му одговориле:
Смирението ги спасува сите нив.Оној што го има смирението,тој никогаш нема да биде фатен во овие мрежи и нема да биде обмотан со нив.
Но тие не рекле дека демоните и страстите можат да бидат победени само со смирението,туку дека се потребни и други дела и подвизи заедно со смирението.
Смирението само за себе никако нема да ни донесе особена полза,но и самите дела,без смирението,ништо не значат,зашто без него,тие би биле како месо посолено не со сол,туку со земја,а таквото месо се расипува и пропаѓа.Па така,телесните трудови,внатрешниот подвиг на умот,безмолвието и непрестајната молитва,сврзани со совршеното смирение,ги надвладуваат страстите и демоните,така што тие не се во состојба ни да се допрат до монасите,а уште помалку да ги надвладеат,како што му рекле ангелите на свети Антониј.
-Извор:ДОБРОТОЉУБИЕ