...Никого не изобличувај и не навредувај, дури и оние што имаат најлош живот. Рашири ја облеката твоја над оној што паднал и покри го.

           ...Ако не можеш да се потрудиш телесно, потруди се и намачи се барем духовно.
           Ако не можеш да постиш два дена, пости барем еден ден до вечерта, а ако не можеш ни тоа, потруди се барем да се не      пренаситуваш.
           Ако не си миротворец, тогаш барем не биди љубител на раздори и кавги.
           Ако не си во состојба да му ја затвориш устата на оној што братот свој го осудува, тогаш барем потруди се да не се согласиш со него.

SV.Isak.Sirski


Свети Исак Сирски

 

Православен Источник - Pravoslaven Istocnik
Risto Tanev