Св. Теофан Затворник : СВЕТА ПРИЧЕСТ
Внимавајте! Непријателот на секаков начин ќе се обидува да го изгасне светилникот што ви е запален во душата, внесувајќи ви лошо настроение – или расејување на мислите, или грижа за нешто, или незадоволство од нешто или од некого итн.
Секое од овие движења ја возмутува и растројува душата. Затоа пазете си го вниманието нерасејано и непрестајно насочувајте си го умот и срцето кон Господа – така ќе ја избегнете таа стапица.
Март 2023 лето Господово