TViTer71

Св. Доротеј вели: „И јас еднаш видов смирен човек во еден манастир, кој на никого не му одвраќаше; сите го прекоруваа, а тој премолчуваше и си реков: ’Овој ќе да е многу свет!‘ Отидов да ја дознаам неговата тајна и се разочарав. Зошто?

Го прашав: ’Отче, како така не се гневиш и имаш такво смирение и сѐ поднесуваш?‘ И знаете ли што ми одговори?

’Да – да! Немам друга работа па ќе седам и со нив ќе се занимавам! Нека си зборуваат што сакаат!‘

Колку жално – си реков – јас мислев дека има добродетел, а тоа било од презир“.


Презирот не е смирение.

 

2022