Преподобен Јован Карпатски: Да не се оптоваруваме со преголеми грижи поради физички потреби, да ги префрлиме сите наши грижи на Бога

Во никој случај да не се преоптоваруваме со грижи поради физички потреби, туку да Му веруваме на Бога со сета наша душа, како што еднаш рекол еден добар човек: „Имај доверба во Господа и Тој ќе ви се повери вам“, и како што пишува блажениот апостол Петар. : Бидете целомудрени и со трезвени молитви (1. Пет. 4:7), и: Сите ваши грижи префрлете ги на Бога затоа што Тој се грижи за вас (1. Пет. 5.7).

Ако, пак, се уште се сомневате и не верувате дека Бог се грижи за вас, да ве нахрани, погледнете го пајакот и проценете колку човекот се разликува од пајакот, од кој нема послабо и понемоќно суштество.
Пајакот не стекнува никаков имот, никаде не излегува, никого не суди, не се лути и нема залихи, но животот го поминува во потполна кротост, целомудрие и во најголема смиреност. . Во однос на другите пајаци (роднини) тој воопшто не е љубопитен, туку само ја работи својата работа, а работата ја работи тивко и спокојно,со  што без да каже збор им кажува на љубителите на безделничење дека тој што не се труди, и не треба ни да јаде.

Од книгата: Љубезност за секој ден

 

 

Друго:

 Кратки податоци за него

Молитвата за нас е најпобедоносното оружје (23.11.2013)