3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Душата не може да го има мирот ако не се учи во законот Божји и дење и ноќе, оти тој закон е напишан со Духот Божји. А Духот Божји од Писмото преминува на душата, и душата  во тоа чувствува насладување и пријатност. И повеќе не сака да го љуби земното, затоа што љубовта кон земното ја опустошува душата, и тогаш таа паѓа во униние, и подивува, и не сака да Му се моли на Бог.

Непријателот, пак, гледајќи дека душата не е во Бога, ја колеба и слободно става во умот што сака. И ја гони душата од едни помисли кон други, и така душата целиот ден го поминува во неред, и не може чисто да Го созерцува Господа.


Свети Силуан Атонски