3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Чесен e пред Бога и пред луѓето оној, кој не презема ништо, што би можело да ја разурне љубовта. Блажениот авва Таласиј
Вистинска љубов придобил оној, кој ниту се сомнева во братот свој, ни зборува против својот ближен. Блажениот авва Таласиј


Речиси сите ние ги сметаме своите помисли за едноставни и природни и затоа спонтано се потпираме на нив. Напротив, не би требало да имаме доверба во нив, ниту да ги прифаќаме. Во својот ум или срце не би требало да имаме дури ниедна помисла, ниту добра, ниту лоша, бидејќи тоа место во нас и припаѓа на Божествената благодат. Наша обврска е да го зачуваме чисто, не само од помисли, туку и од најблагото и најнедофатливото колебање на духот. Тоа можеме да го постигнеме единствено ако горешто Го сакаме Христа и непоколебливо веруваме во Него. Co ова ќе придобиеме смиреноумие и Божествената благодат ќе се обнови во нас, зашто таа им се дарува на смирените: Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат (1. Петр. 5, 5).


„Мораме да имаме добри помисли, инаку никој oд духовните отци, па дури ни светителите, не можат да ни помогнат.  Когa Христос бил на Крстот и кога се случувале сите оние ужасни работи, со Него биле распнати и двајца разбојници. .. А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветиот час (Марко 15, 33). . . И наеднаш се расцепи црковната завеса на два дела, од горниот крај до долниот; и земјата се затресе; и карпи паднаа; и гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; па како излегоа од гробовите, по воскресението Негово, влегоа во светиот град и cе јавија на мнозина (Мат. 27, 51-53). Секој од нив имал различен став кон Него; иако обајцата се наоѓале покрај еден и ист Бог, Бог, Кој никого и никогаш не го укорил или осудил дури ни за најмал грев. Напротив, Он им помогнал на многу луѓе; некои биле исцелени од тешки болести, некои воскреснале и сите тие чуда се случувале пред очите на јавноста, а сега, дури и природата се побунила против неправдата која му била сторена.


Разбојникот распнат на левиот крст во својот ум изградил „фабрика“ која произведувала само лоши помисли. Еден од распнатите злочинци хулеше на Него, велејќи: Ако си Ти Христос, спаси Се Себеси и нас! (Лука 23, 39).,Иако можел да види што се случува околу него, никогаш не се распрашал за ова. Оној од десната страна, кој размислувал позитивно, реагирал на следниов начин: А другиот, кога одговори, го искарал рече: „Зар и од Бога не се боиш, кога си веќе и сам осуден? Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил“. И Му рече на Исуса: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“ (Лука 23, 40-42). Обајцата разбојници помеѓу себе го имале распнатиот семоќен Бог Кој можел да им помогне. Негативниот начин на размислување на разбојникот од левата страна го спречил Бога да му помогне, додека оној од десната страна кој извршил страшни злосторства и за нив бил праведно казнет бил во состојба, со својот позитивенстав, да го поттикне Исуса, да му рече: Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот! (Лука, 23, 43).


Треба да имаме на ум дека Бог „не може“ да ни помогне, дури и ако Он тоа навистина го сака, додека не стекнеме позитивен начин на размислување.


Старец Пајсиј

 

Православен Источник