TVITer757

Поука на денот: Свети Максим Исповедник


Ако сакаш да го пронајдеш патот што води кон животот, тоа барај го во оној Пат, Кој Сам за Себе вели: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6), и таму ќе го пронајдеш. Но, барај го со голем напор, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14); во спротивно, ќе отпаднеш од тие малкумина, и ќе бидеш во мнозинството.


Поука на денот: Владимир Лоски


Духовниот живот – растот на човековата личност во благодатта – секогаш е свесен, бидејќи несвесноста е обележје на гревот, “спиење на душата“. Затоа човек треба постојано да биде во будна состојба, да се однесува како син на светлината – да живееме како деца на светлината (Ефес. 5,9), според зборовите на апостол Павле: стани ти што спиеш, и воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли.