„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ’подобриот дел‘. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бог.

Пресветата Дева, престојувајќи во храмот... со внимание и во непрестајна божествена молитва, Таа целата Своја стана и воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, којшто јас ќе го наречам ’молчание на умот‘. И предавајќи го Својот ум на ова молчание, ја наткрили сета твар, и подобро од Мојсеј ја виде славата Божја, и беше посветена во божествената благодат, којашто никако не е подложна на силата на чувствата, туку претставува прекрасно и свештено созерцание – својствено за непорочните души и умови.

Бидејќи причесна на ова (бого)созерцание, Пречистата – како што пеат црковните химни – стана светлоносен облак на навистина Живата вода, зора на таинствениот ден и огнена кочија на Логосот. (...) Таа токму затоа – не знаејќи за маж – и ја стекна благодатта да Го роди Богочовекот Христос“.

 

3-ти март 2018 лето Господово

 

Друго:

https://dodjiividi.blogspot.mk/

https://upodobljavanje.wordpress.com/2018/03/04/%d0%b7%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b0/

https://www.facebook.com/ZapisiIzNistine/ (Записи из ништине)