Bogorodica.patevoditelka.jpg

О, Пресвета Госпоѓо, Дево Владетелко Богородице; Царице на небото и земјата, знам Мајко Божја, знам  дека Ти си надеж и на оние кои не се надеваат на Тебе; знам дека тажните преку Тебе наоѓаат утеха; знам дека на трудбениците им притекнуваш на помош; знам дека болните ги посетуваш  и лекуваш; знам дека заробениците ги ослободуваш од заробеништвото и ропството; знам дека си неразрушлив заклон на оние кои се во невоља; знам Владетелке Богородице, дека сите со гревови натоварени во животот, Ти на предсмртниот час и на судот на Синот и Бог Твој со Своите сесилни молитви и семожно застапништво ги спасуваш, штитиш и кон Бога ги приведуваш, само ако од срце Те призиваат, Ти се молат и прибегнуваат под Твојата силна рака.

Поради тоа и јас, Твојот непотрбен слуга кој западнал во многу гревовни мрежи, и поради тоа не смеам  ни очите да ги подигнам на небо, како ќе се избавам од нив? Но, надевајќи се на милоста на добрината Твоја, чедољубива Мајко Дево Пресвета, смело прибегнувам кон Тебе, и молејќи се со солзи кон Тебе припаѓам: и на мене грешниот и недостојниот да ја покажеш величината на Своето милосрдие, бидејќи си непресушен извор на сите добрини. Сакајќи да го добијам ова од Тебе и како спомен на Твоето радување кое го имаше на земјата и сега го имаш на небото, радосни песни Ти составувам, почнувајќи вака: Радувај се предводничке на нашето спасение, Која со дејството на Пресветиот Дух во својата утроба го зачна беспочетниот и предвечниот Син Божји! Радуј се света земјо која си го родила Оној со чие раѓање и ние се родивме од смрт во живот! Радуј се ковчегу кој во себе ја носеше Манната на животот! Радуј се посредничке на радоста, затоа што при раѓањето на Синот си примила радост од мудреците! Радуј се одуховен храму, Ти по три дена го најде Иисус учителот меѓу учителите во храмот! Радуј се радост на заплаканите, затоа што нашиот род го израдува со воскресението и вознесението на Господ Христос! Радуј се лек облаку кој со тело се издигна на небо! Радувај се Дево  кој по чест и чистота ги надминуваш ангелите, архангелите, херувимите, серафимите и соборите на сите светии! Радувај се тишино Која си создала мир помеѓу Бога и луѓето! Радувај се Госпоѓо, бидејќи сите чинови на небото Тебе Ти се потчинети! Радувај се Владетелке,  зашто си моќна и можеш кај Синот Свој да нí издејствуваш сé! Радуј се Царице, Која седиш на престолот близу Пресвета Троица! Радуј се Мајко, затоа што чиниш добрини на оние кои својата надеж на Тебе ја полагаат! Радувај се Маријо, Твојата радост во веки ќе постои!

Откога ги сослуша, Пресвета Богмајко овие радосни гласови, иако доаѓаат од моите погани усни, јас Те молам, воздивнувам, ничкум паѓам, извикувајќи: прими ме со љубов и не заборавај ме, помошничке, заштитничке и надеж моја Пресвета Дево, туку како што си ветила дека ќе посредуваш за оние кои Те споменуваат, така и мене сега и на мојот смртен час и на судуштето на Синот Твој и Бог мој, растерувајќи ги одредите од демони, дојди на помош, затоа што Ти на сите им носиш радост; дојди, за да можам спасен со Твоето посредување, да Те празнувам, прославувам и величам низ сите векови, Тебе, посредничката на моето спасение пред Бога.

О, Пресвета Владетелке, Пречиста Дево Богородице, прими ја мојата недостојна молитва и сочувај ме од изненадна смрт и дарувај ми покајание пред кончината!Амин.

На денот на вети Григориј Богослов
25.01.1954
Манастир Свети Келии

Од руски превел Архимандрит Јустин

Подготви: М. Б. 

Посети:{moshits}