o.tadej4.jpgЗа проповедањето

 Не треба да проповедате од ум, туку од срце. Само она што е од срцето, доаѓа до друго срце. Никогаш не напаѓајте, никогаш не се спротивставувајте на никој. Ако проповедникот мора да ги одврати луѓето од некое зло, тоа нека го прави во кротост, смирение и голем страв Божји.


За смирението


- Каков е смирениот човек?
- Смирениот (човек ) го смета секој човек за повисок (поголем) од 
себе, и не само секој човек туку и тварта.
- Како можеме да ја сметаме тварта за поголема од себе кога нас
Господ не дарувал со разум и не нарекувал Свои синови?
- Ако ја ставите раката на срцето и бидете искрени со самите себе, ќе согледате (увидите) дека сте пониски од многу твари. Погледнете ја пчелката како брза и работи. Не поштедно се дава, без резерви. Пчелката живее се на се месец и половина дена, и често умира на работа во полето, и не се враќа во својата кошница. А колку човекот мисли на себе и се жали себе си. Или пак видете ја мравката, како не и здосадува да постојано влече нешто. И кога товарот ќе и падне, таа го крева и со трпение продолжува со работата. А нас ако нешто не ни тргне од рака веднаш, креваме раце од тоа.
Бев присутен кога една баба го запраша отец Тадеј што да стори за да нејзините внуци бидат побожни.
- Нивната баба секогаш нека биде кротка, добра, никогаш нека не се лути, секогаш нека биде задоволна, се таа нека слуша, кога не сакаат неа да ја слушаат. Можеби внуците сега нема да бидат побожни, но подоцна, ке се присетат на својата баба и сеќавањето на нивната баба ќе ги прави подобри.

За целта на животот

 - Простете ми доколку по некој пат во текот на вечерашнава беседа се оттргнам од темата.Сами видете каков е нашиот живот овде на земјата.Ние христијаните го посакуваме спасението како за себе, така и за своите ближни и мечтаеме за совршенство.Оние кои не се религиозни сакаат да постигнат совршенство во материјалната сфера од животот.
 Јас уште од раната младост појдов да му служам на Бога.Бев со слабо здравје, и мислев ова кратко време од животот да го живеам како што бара Господ. Му благодарам на Бога затоа што уште од самиот почеток ме упати кај оние трудбеници, Руси, во манасстирот Миљков.Во манастирот повеќето беа бегалци, Руси, монаси, а меѓу нив имаше и свети луѓе; поради тоа што бев  дете се што ми кажуваа јас прифаќав.
 Во текот на целиот живот ме мачеше мислата за целта на овој живот, се прашував кон што води овој живот, дали тоа што човекот се труди да го постигне е материјално богатство, да јаде и да пие, дали тоа е се? Му благодарам на Бога, во житието на Свети Серафим Саровски, Светителот објаснува дека целта на нашиот живот е враќање во прегратките на Својот Отец Небесен, да ние луѓето на земјата бидеме како што се ангелите на небото раководени од Светиот Дух. Поради тоа што ние сме потомци на паднатите родители, многу ни е полесно да скренеме од правиот пат , одошто да се откажеме од многуте негативни постапки  кои во текот на животот, сме ги добиле во кругот на семејството. Иако ние сме копија на нашите родители, кои не биле совршени, ниту пак способни да ни го пружат она најубавото, туку ние од родителите подоцна во текот на животот сме виделе и доживеале многу неправди, и болка на срцето. Затоа сите ние тежнееме кон совршенството, и сите ние посакуваме да откриеме која е целта на овој живот. Ние тоа го откриваме постепено како што кажуваат Светите Отци: Верата во нас постепено се зголемува.” Еден од Светите Отци сам кажува: Оваа моја вера сега кога сум во години, во однос на верата што ја имав како млад, тоа во младоста беше просто невера. Нашата вера постепено се зголемува и кога ќе се утврди во Господа таа е силна и моќна. Сега во светот се случува се. Многу слушнавме за протестантите. Тие отпаднаа од Западната црква, а со Источната црква никогаш не се соединија, и воведоа многу новација во својата вера. Протестантите се трудат и се молат, многу силно го развија мисионерството, дури и посилно од Католичката црква, но тие не се свесни, ниту пак знаат, дека се под раководство на злите духови. Сите оние кои протестантите ги приведуваат во христијанството автоматски се вклучени во негативна енергија и се под власт на многу духови. Апостол Павле вели, ти велиш дека веруваш, тогаш покажи ја својата вера со твоите дела. И сатаната верува па трепери, но се спротивставува. Се спротивставува на секое добро. Многу овде на земјината топка се сметаат себе за неверни, но кога подобро ќе размислиме за самите себе ќе видиме дека не постои ниту едно разумно суштество, кое не копнее во срцето за живот и за апсолутна љубов. Апсолутната љубов не се менува, таа трае до вечноста. Сите ние со срцето копнееме за апсолутни добра, за апсолутен мир, односно ние со сето срце копнееме за Бога. Бог е живот, Бог е љубов, Бог е мир, Бог е радост. Ние со срцето копнееме за Бога, а со мислите се спротивставуваме на Бога. Сатаната верува, па трепери, но се противи. Исто така безбожникот не е безбожник, туку е противник. Значи, ние со срцето копнееме за Бога, но му се спротивставуваме. Нашето спротивставување нема да му наштети на Бога, затоа што Тој е Семожен, но ќе си наштетиме самите на себе.

 

(Продолжува)

Подготви: Даниел Илиевски

Друго: