o.tadej4.jpgЗа внатрешниот мир

- Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, да се чува срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Хаосот во мислите е состојба на паднатите духови-( демони, духови кои отпаднале од Бога). Меѓутоа, нашиот ум, треба да е собран, единствен, внимателен. Само во единствениот ум може да се всели единствениот Бог.


Внатрешна молитва

Кога ќе почувствуваме погодно расположение можеме да го прекинеме молчењето на срцето со кажување на Исусовата молитва. Таа во почетокот гласела: ,, Господи Исусе Христе, Сине Божји и Слово Божјо, заради Богородица, помилуј ме!”. Со текот на времето монасите ја скратувале и денес таа гласи: ,, Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”. На словенски таа гласи: ,, Исусе, Сине Божји, Помилуј мја!”.
Ако можеме, да ја изговараме Исусовата молитва со чувство. Ако пак не можеме, тогаш да се обидеме со срцето да припаѓаме на Бога како знаеме и умееме и да се задоволиме со молчење пред Бога. Доколку немаме искусен духовник за да не раководи, опасно е да се принудуваме на внатрешна молитва.
- Како вие сте се учеле на умносрдечна молитва?
- Бев многу млад послушник кога почнав. Отец Амвросиј ми рече : ,, Што и да работиш, непрестајно изговарај во себе: ,, Исусе, Сине Божји, помилуј мја”. Бев дете и со сето срце го послушав. Секој ден се исповедав на духовникот што се случува внатре во душата, а тој ме советуваше што да правам. После извесно време почувствував дека заедно со воздухот кој го вдишувам молитвата,, влегува” во срцето. Со текот на времето молитвата почна самата од себе да се врши во срцето. Подоцна умре мојот духовник и многу години поминав во големи духовни маки. Тагата ја раскинуваше душата. Стравот со кој се здобив во детството повторно ме мачеше. Се плашев дека стариот нема да биде задоволен со мене и никогаш не можев да воздивнам.
- Што правевте тогаш?
- Како, кога. Најчесто ја земав хармониката. Одев во осаменост и свирев. Од секогаш ја сакав музиката, и тоа ми донесуваше утеха. Понекогаш самиот се прашував: Што сакаш? Дали си гладен, дали си жеден, бос, болесен? Бог се дал, тогаш што сакаш? Но сепак, душата тагуваше и бараше некој да ја утеши но немаше никој да ја утеши. Одев кон поедини духовници, барав совет, но ни тоа не помагаше. Така беше тоа додека не ја прочитав ,, Патот на спасението” од Теофан Вишински и Господ помогна. Кога нема никој од луѓето да не утеши, тогаш Господ и преку книгата доаѓа да ја израдува душата.

Стоење пред Господа

- Напоредно со чување на мирот во срцето вежбајте се и во стоење пред Господа. Ова значи: непрестајно да имаме на ум дека Господ не гледа. Со него треба да стануваме, да лежиме, да работиме, јадеме, одиме. Господ е секаде и во се.          Од смреката каде што седевме се дава прекрасна глетка. Отец Тадеј ја подигна раката во правец на полето и планината и рече:    - Господ е сила која го покренува животот на секоја твар, го устројува поредокот во вселената, дава убавина на созданијата, промислува за се и пребива во срцето на човекот, Царот на славата (Отец Тадеј Господа најчесто го нарекува со тоа име) пребива во својата твар и во Своите синови.
Општење со Бога

- Човекот внатре во себе ќе го најде царството Божјо. ,, Слези во своето срце и ќе најдеш во него скала за искачување во царството Божјо”. Taка советува преподобен Исак Сириски. Светото Писмо учи дека царството Божјо е ,, правда, мир и радост во Светиот Дух”. Првиот чекор кон општење со Бога е потполно да се предадеме Потоа Бог е тој кој што делува а не човекот. Општење со Бога значи: да се всели Бог во нас, Тој делува во нас, нашиот дух да се облече во него и тој да управува со нашиот разум, со воља и чувство. Тогаш ние сме само доброволно оружје во Неговите раце – покренати од Него и во мислите, и во желбите, и во чувствата, и во зборовите и во работата.      - Како човекот кој достигнал степен во духовноста, се чува од гордоста?
 - Па тоа не е ништо посебно. Општењето со Бога е нормална состојба на душата. Човекот е создаден за таков живот. Гревот го одалечил човекот од ваков живот и затоа тој повторно треба да го задобие. Ние се трудиме да дојдеме во нормална, здрава состојба.

Созерцавање

 - Кога во срцето на човекот ќе се всели царството Божјо, тогаш Бог ќе му ги открие тајните. Заедно со Бога ,,ќе влезе “ во суштината на работите и ќе ја разбере неговата тајна. Сето знаење е во Бога, и кога Господ ќе посака, по својата милост му ги открива тајните на човекот. Така и прост, неучен монах, по Божјата милост ги дознава големите тајни: за животот, за смртта, за рајот, за пеколот, дознава и како е устроен овој свет. Кога во срцето на човекот ќе се всели царството Божјо, Бог ќе ја сметне како некоја завеза на незнаењето од умот. Човекот тогаш ќе ја разбере не само тајната на тварта (созданието), туку ќе ја разбере и тајната за самиот себе. И најпосле во еден свет момент Бог по неискажаната своја милост, ќе се открие и самиот Себе, и човекот ќе го созрецава Царот на славата како што го гледа сонцето во бистрата вода. Тогаш човекот е едно со Бога и Бог делува во него. Таквиот само со телото живее на замјата, а со духот е во царството небесно, со ангелите и светите, и го созерцава Господа.
 Често кога ќе му поставев некое прашање на отец Тадеј, кратко одговараше и велеше: „ За тоа пишувал тој и тој Свет отец. Да одам да ја донесам книгата па да прочитаме?” Секако дека со радост се согласував, а тој ја прелистуваше книгата и ги читаше деловите што одговараат, час сам од себе зборуваше.Не сум сретнал човек кој се снаоѓа побрзо во тие книги.


За строгоста

 - Строгоста спрема ближните е опасна. Строгите напредуваат само до извесен степен и остануваат на телесниот подвиг. Во однесувањето со луѓето треба да се биде кроток, благ, попустлив.      Oтец Тадеј ми раскажа еден свој карактеристичен сон.
 - Само што заспав, сонувам дека сум умрел. Двајца млади луѓе ме поведоа до некоја соба, и ме поставија на основа помеѓу нив двајцата. Од мојата десна страна беа судиите. Во дното од лево некој ме оптужуваше. Говореше: Еве тоа е тој што со никој не може. Молчев исплашен. Тогаш тој глас од аголот уште два пати го повтори истото. Младиот кој што беше од мојата десна страна ми рече: ,,Не плаши се! Не е точно дека ти со никој не можеш. Ти со самиот себе не можеш.


Состојбата на небото и состојбата во пеколот

 - Од човекот кој го носи во себе царството Божјо зрачат свети мисли, Божји мисли. Царството Божјо во нас ја создава состојбата (атмосферата) на царството небесно, наспроти мисловната атмосфера во пеколот која зрачи од човекот кој во своето срце го носи пеколот. Улогата на христијанинот во светот е да ја прочистува атмосферата на земјата и да за шири атмосферата на царството Божјо.      Светот треба да го освојуваме со чување на состојбата на небото во себе, затоа што ако го изгубиме во себе царството Божјо, нема да ги спасиме ни другите ни себе. Кој го носи во себе царството Божјо, тој неосетно ќе го пренесува и на другите. Луѓето ќе ги привлекува начиот мир и топлина, ќе сакаат да бидат со нас и постепено ќе ги освојува небесната атмосфера. Дури и не е потребно да им зборувате на луѓето за ова: небето ќе блеска од нас и кога молчиме или кога зборуваме за најобичните работи; тоа зрачи од нас а ние и не сме свесни за тоа.
 Во непослушниот нема да се всели царството Божјо, затоа што таквиот секогаш сака да се врши неговата а не Божјата воља. Во царството небесно исклучена е можноста царство во царство. Тоа го сакале,, паднатите духови” и затоа отпаднале од Господа, Царот на славата.
 Душата која што е потпаднала во кругот на мисловниот хаос, во атмосферата на пеколот, или само допрела донего, ги чувтсвува маките на пеколот.На пример – ги прелистуваме весниците, или пак се шетаме по улиците и потоа одеднаш чувствуваме дека внатре во душата нешто се пореметило – чувствуваме празнина, тага. Тоа е затоа што со читањето на разни работи сме го изгубиле прибраниот, единствен ум, сме постанале расеани и атмосферата на пеколот ,,се вселува “ (ова е збор што отец Тадеј често го употребува) во нас.

 

Продолжува

Подготви: Даниел Илиевски