Др. Ала Лисец

foto.abortus2.jpgПринципот на делување на т.н. контрацептивна спирала е абортивен. Работата е во тоа што при користењето на спиралата абортусот сепак се случува, во просек дури неколку пати годишно, како што покажуваат поранешните тестови на бременост (бета ХЦГ). Исто така, спиралата не му дозволува на детето да се инплантира во матката, така да тоа најчесто умира во рок од девет дена. Ако зачнувањето се случи две седмици пред претпоставениот ден за почеток на менструацијата- а спиралата на детето му го одзема животот најчесто во овој период - жената сепак добива крварење па мисли дека не била бремена, иако всушност е обратно. Но, да се одземе животот на детето неколку седмици порано или подоцна всушност е сеедно. Понекогаш, во текот на борбата за живот, детето сепак успева да се внедри во матката и кај мајката се прекинува менструацијата. Спиралата настојува да го исфрли детето од матката и после неговото влегување. Треба да се нагласи дека ниту во овој случај не смее да се прави абортус! Треба да се знае дека спиралата не предизвикува раѓање на дефектно дете. Спиралата е страно тело кое предизвикува заштитна реакција на организмот. Матката може да се воспали или инфицира, инфекцијата доста често се шири и на јајцеводите и дури и во стомачната шуплина. Спиралата дури може и да ја пробие матката. На јајцеводите се создаваат израстоци, кои често доведуваат до бесплодност или до вонматерична бременост. Воспалувањата кои ја опфаќаат стомачната шуплина предизвикуваат гноен перитонитис (воспаление на стомачната марамица). Во вакви случаи лесно се случува инфекција на крвта (сепса), која може да доведе до смрт на жената во маки. Поради загнојување на матката многу млади жени се оперирани и отстранета им е цела матка, значи станале хендикепирани. Спиралата предизвикува болки, силно крварење и анемија. Поради слабокрвност жените стануваат бледи и раздразливи, губат способност за концентрација, подложни се на несвестица.

Во Америка, пропаднаа поголемиот број од фабриките кои произведуваа спирали, бидејки на жените мораа да им плаќаат обесштетување поради штетните последици предизвикани од спиралата. Останаа уште неколку фабрики, кои извезуваат спирали во неразвиените држави.
Таблетите кои исто така погрешно се нарекуваат контрацептивни се состојат од вештачки хормони, кои здравата жена ја претвораат во болна. Овие таблети делуваат на тој начин што женскиот организам станува склон кон заболување од рак на кожата, на градите и на матката, излив на крв во мозокот и инфаркт. Жените стануваат поподложни на инфективни заболувања, бидејки хормоните од кои се состојат тие таблети се слични на т.н. кортикостероиди. Овие таблети го уништуваат очниот нерв и јетрата, па предизвикуваат пореметување во процесот на згуснување на крвта. Жените кои земаат таблети за да не раѓаат деца често заболуваат од воспаление на вените, а тромбот кој се одвојува од ѕидовите на вените се пренесува со крвотокот и може да предизвика емболија на плуќата, мозокот и сл. на тоа.
Таблетите кои го спречуваат раѓањето на деца, содржат четири механизми на делување:

1) се обидуваат да му посметааат на процесот на созревањето и излегувањето на јајцевите ќелии, иако при користењето на кои било таблети доста често се случува овулација. Во случај кога се користеле таблети кои биле произведени кон крајот на 60-ите години овулацијата се случувала од 2-10 проценти. Таблетите кои сега се произведуваат содржат, во споредба со предходните, многу помалку хормони, значи дека овулацијата се случува уште почесто;
 
 2) таблетите ја оштетуваат слузокожата на грлото на матката, па низ неа тешко поминуваат сперматозоидите; но востановено е дека сперматозоидите сепак успеваат да продрат и низ оштетената слузокожа. Значи, во случај на употреба на било кои таблети доста често може да се случи зачнување. Тогаш почнуваат да делуваат двата смртоносни фактори на таблетата:

3) т.н. туборен фактор: таблетите ја смалуваат спроводливоста на јајцеводите. Значи, девојчето или момчето зачнати во јајцеводот често не може да стигнат во матката во времето кое е најдобро за нивно сместување во слузокожата на матката, поради што гинат:

4) таблетите ја оштетуваат слузокожата на матката, таа се  истенчува, се смалува количината на жлездите и храната за детето (гликоген), па детето гине од глад.

Таблетата, како и останатите контрацептивни средства, станаа оружје во антиверската, антиживотната, антимедицинската и антинародната дејност. Од неа, и од сите останати слични средства, хемиската ("фармацевтската") индустрија стекнува огромна корист.
Треба да се нагласи дека таблетите со дејство вперено против раѓањето на децата не им помагаат на жените со нередовен месечен циклус. Нередовноста на циклусот најчесто не е симптом на болест. Менструацијата може да задоцни затоа што тој месец поради некој психички или физички проблем доцни овулацијата. Овие таблети не можат да ја отстранат причината за нередовниот циклус и доведуваат до умислено подобрување на состојбата. И крварењето кое би се појавило со прекинот на земањето на таблетите не би било права менструација. Состојбата и после употребата на таблетите ќе остане иста, со таа разлика што тоа средство ќе доведе до многубројните споменати и неспоменати непожелни последици.

Како што можевте да забележите од гореспоменатото, сите тие средства се погрешно наречени контрацептивни: зачнувањето при нивната употреба се случува, а тие му го одземаат животот на детето обично во првите денови после зачнувањето. Поради употребата на тие средства бројот на одземените животи на неродените деца е ист, ако не и поголем, од оној број на одземени животи по “хируршки“ пат.

Исто така, не толку одамна, е востановено дека и спермицидните средства кои содржат “ноноксилон-9“ ( а повеќето ги содржат) можат смртно да делуваат на детето кога ќе се случи зачнувањето. Нероденото дете исто така го убиваат и имплантантите “Депо-проверка“, различни пост-коитални средства и слично на тоа. Се чини дека убиствената лага нема граници...

Решение на проблемот на планирање на семејството е во почитувањето на десетте Божји заповеди. Треба да се сакаат децата, а не да се плашиме од нив. Поради децата вреди да се поднесат жртви. Треба да се сочува предбрачната чистота и брачната верност. Бог уште во Стариот Завет им ја даде на луѓето заповедта: "Не прави прељуба". Значи, треба да се прифати фактот дека половиот живот вон бракот е недопуштен, а дека во Светата Тајна на бракот (полниот живот) е благословен. Бракот е нераскинлив до смртта на еден од сопружинците. Исто така, треба да се прифати фактот дека Православната црква не ги благословува брачните односи во текот на сите четири поста: Великиот, Петровденскиот, Богородичниот и Божиќниот, како и во очи на среда, петок, недела и црковните празници.

Не земајте никакви абортивни и контрацептивни средства!

Неслужете се со стерилизација!

Не учествувајте во вештачите методи на оплодувањето!


Детето има право да биде зачнато како плод на природната љубов на таткото и мајката, мажот и жената. Наоѓајки се во мајчината утроба, детето веќе има свој карактер, свои црти на лицето. Тоа може да ја чувствува љубовта на својата мајка, се радува, се плаши, слуша звуци. И затоа, без оглед на какви било околности - сакано или несакано дете, здраво или болно - засакајте го и дозволете му да живее.

foto.abortus3.jpg

foto.abortus4.jpg


превод: С.С.

Посети:{moshits}