foto.viktor1.jpg

 Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот.
Во деветтиот ден – затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето;
А во четириесеттиот – затоа што се распаѓа и срцето.
Така станува и при раѓањето на човекот: во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се оформува телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.


 Архимандрит Рафаил Карелин

(Продолжение на: Убивање на беспомошните I- во продолжение)

sveta.troica.a1.jpgИстребувањето на хананските племиња псалмопевецот Давид го објаснува со казната Божја заради принесување на луѓе за жртва. Во вештерските и магиските ритуали од средниот век, точката на кулминација била убиството на бебе, поради тоа од мистична точка на гледиштето , абортусите можат да се сметаат за несвесно поклонение на луѓето кон демоните, светска хекатомба (мосовни убиства во чест на божицата Хеката, божица на магијата и на смртта која се прикажува обвиткана со змии). Тоа е несвесно повикување на демоните - и демонот не се одвојува од ваквите луѓе.
  Ниедно животно, ниеден гмизавец, ниту змијата, ниту шкорпијата, не ги уништуваат свесно своите деца, а човекот од времето на цивилизацијата, просветеноста и хуманизмот ги надминува по суровоста. Додека убиството на децата не биде прогласено за најголем злостор и не биде ставено вон законот, сите повици за мир ќе бидат само маска за човекождеровото лице.
  Во хагиогравската книжевност е даден пример на најголемиот морален пад кој се случил со отшелникот по име Јаков: тој во пијана состојба извршил прељуба и убиство, а потоа го сокрил трупот на својата жртва лишувајки ја од христијански погреб. Меѓутоа, тука е опишан и необичниот подвиг на покајание кој на себе го презел Јаков-паднатиот подвижник, отфрлен од Бога како прељубник и убиец. Десет години тој се молел во подземјето, во собичката ископана под подот на куќата во која живеел свештеникот, неговиот духовен отец. Тој не ја гледал сончевата светлина, се хранел само со леб и вода и оваа просторија била толку тесна така што не можел да се исправи, не можел да легне на под, туку седел собран. Десет години подоцна се појавил знак дека му е простено. А сопружинците кои го осудуваат на смрт своето бебе го повторуваат гревот на Јаков воопшто и не помислувајки на покајание.
  Абортусот е убиство, и тоа зверско и цинично, и лишување на човечкото битие не од просто предавање на земјата, туку и од самата можност да стане христијанин и да го наследи блажениот живот во вечноста. Името на првата жена - Ева значи "живот". Името на жената - чедоморка е "смрт". Овие мајки стануваат демони на своето сопствено тело: Од Бога создадената лабараторија во која се раѓа и се развива човечки живот тие го претворија во стратиште  на кое џелатот го черечи нивното дете, нивниот син или ќерка, чиј што труп потоа наоѓа место во некоја канализациона цевка; и овие жени ќе бидат вон себе ако некој се посомнева во нивната пристојност.
 Јаков својот грев го направил во пијана состојба. Во состојба на душевна опиеност од гнев или љубомора убиецот не владеејќи со  себе може во напад на безумство да ја лиши својата жртва од живот. Тука се случува нешто полошо и пострашно. Родителите мирно, скоро со дигитрон во рака пресметуваат дали нивното дете ќе живее или не. Дали тие далеку повеќе напреднале од нацистите кои размислуваа колку килогтрами сапун може да се свари од трупот или колку вреќи коса може да се ишиша од жртвите, стрелани или задушени во гасните комори?
 Убиството со ладна просметливост, убиството од корист, представува најгнасен облик на убиство и најстрашен човеков пад. Војната е голема несреќа; во неа како да се воплотила онаа сатанска енергија на гревот која се таложи во човештвото. Во војната се прават злосторства, на бојното поле  човекот го убива само непријателот, но и самиот гине. А тука убиецот го убива беспомошниот, тој е осигурен од било каква одговорност. На бојното поле војникот го решава својот спор со непријателот, а родителите, кои ги убиваат своите деца постапуваат многу полошо од бандитите и разбојниците. Во крајна рака, и бандитот и разбојникот исто така ризикуваат, дури и пред законот, а тука законот молчи, тука убиецот е однапред оправдан со нашите закони, законите на земјата која го декларира правото на живот, но не го штити ова право, оправдан е од својата развратна совест и од мислењето на современото либерално општество кое, не протестирајки против овој престап, во суштина е солидарно со убијците.
    Многумина говорат за својот патриотизам, за својата љубов кон Татковината, но Татковина пред се се самите луѓе. Татковината не е само минато, таа е сегашност и иднина. Родителите кои ги убиваат бебињата ја убиваат иднината на својата татковина. Тие вршат геноцид над сопствениот народ.

 Продолжува...

  „Абортусите се еден вид принесување човечки жртви на
   сатаната

ЗА АБОРТУСОТ И ЗА РАЗВРАТОТ 

Подготви: С.С

Фото: Виктор Синадиновски

посети:{moshits}