Esen.manastir1.jpg

РОДИТЕЛСКИОТ ПРИМЕР

Треба ли да се каже дека врз цврстото тло на христијанските заповеди детето можат да го постават само оние родители, кои, исто така, се трудат да живеат според тие заповеди?
Родителите можат да ги спротивстават мирот и постојаноста на животот во Црквата, со разорниот дух на времето и во семејството (како во мала црква). Дури и малото дете да почувствува дека е „овде добро“. А како возрасно да се потсетува: „Таму беше добро и убаво“. Како што е познато, вистините на верата не се докажуваат туку се покажуваат. Веројатно, еден од најсилните противотрови од лошите влијанија на паднатиот свет - слика на луѓе кои живеат сега и покрај нас, ама спротивно на законите на овој свет. И најдобро е тие луѓе да бидат - родители.
Не треба да забораваме дека децата постојано не гледаат. Малите постојано набљудуваат и имитираат. Покрај својата привидна неразумност, тие се забележуваат: и како ние стоиме в црква, и како се молиме дома, како комуницираме со луѓето или како зборуваме за нив, на што се радуваме и што не растажува.
Колку повеќе детето расте, толку покритички не оценува, толку подобро гледа каде се разидуваат нашите зборови со делата. Тоа е во состојба се подобро да ги оцени нашите сопствени напори да се живее според Божјите заповеди.
Значајно прашање: како децата да се научат да се молат, молитвата да не им биде досадна обврска за нив, мртво „правило“, што треба што побрзо да се прочита? Многу родители дошле до сознание дека незаменливо воспитно средство овде е - сопствениот пример. И почнале да се молат пред децата, тие да видат и да слушнат. Бидејќи малото дете не можеш да го натераш да седи и да слуша, ако тоа може да си поигра, родителите пронашле погодно време - повторно, непосредно пред спиење, кога веќе децата си легнале да спијат. Со родителската молитва заспиваат многу мали деца.
Децата со посебно внимание ги гледаат и ги слушаат возрасните, кои се молат преземајќи го нивното молитвено искуство.
Старецот схиархимандрит Гавриил се присетува како во детството мајка му го укорувала за палавоста, а кога таа би се повторувала - почнувала да се моли: „Клекнувала, раскажува старецот, пред иконите на коленици и почнувала со солзи, наглас да се жали за мене на Бога и да се моли: „Господи, јас, еве, го измолив синот од Тебе, а тој се прави безредие, не ме слуша. Што да правам со него...? Може и тој да пропадне, и мене да ме уништи... Господи, не оставај, вразуми го да не прави истапи (безредие)“. И се во таа смисла, се моли наглас, плаче. А јас стојам покрај неа, се смирувам и ги слушам нејзините обвинувања. Ќе се засрамам, а и ќе ми биде жал за мајка ми.
„Мамичке, мамичке, нема повеќе“, и шепотам плашливо. А таа се Го моли Бога за мене. Јас повторно ветувам дека нема да бидам немирен, па и самиот почнувам со мајка ми да се молам...“
Би сакале само уште да дополниме дека децата се многу осетливи на неискреноста. Не дај Боже, детето да почувствува дека мајката се моли „за него“ да би ја видел некој друг! Последицата на тоа ќе биде скептицизам или, дури и огорченост. Цел на една таква гласна молитва мора да биде само самата молитва.

 

(Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Издавач: Издавачка установа „Канео“- Охрид, 2004

Друго:

 Esen.manastir.jpg

 http://preminportal.com.mk/content/view/5059/1/

Божествена Литургија во манастирот на св. Никола, с. Љубанци (14.10.2009)