Korica.Pisma.Valaam.jpg

ДЕМОНИТЕ

Секако, дека тоа првенствено ќе го искористи непријателот на човечкиот род - ѓаволот. Тој во своите цели ја користи не само „виртуелната реалност", туку и сите технички пронајдоци со коишто човекот, со својата злоупотреба, го свртува против своето спасение и ги користи за свое духовно пропаѓање. На пример, телевизорот и компјутерот на лажен начин ги побудуваат страстите во душата на човекот - на возрасниот или на детето, наведувајќи го на грев со помисла, а што не е ништо помало или полесно од грев со збор или со дело. Па сепак, машините и компјутерите не се криви за нашите гревови што ги правиме во помислите.
Старозаветниот Каин направил грев на братоубиство, но претходно тој згрешил со помислата - му позавидел на праведникот Авел (I Мој. 4:5). Каков пат треба да помине помислата на завидливиот за да дојде до одлука да го убие оратот? Што ќе претходи на зависта, која веќе е грев, и дали може да се сопре помислата што веќе почнала да се движи по патот на гревот и на пропаста: од случајна помисла за нешто, до намера да се погреши на дело?
На тие прашања одговори даваат уште и светите Отци од христијанското минато, кои подробно го разработиле учењето за помислите.
Ако  работиме, ако одиме по улица, ако седиме дома, и ако нашиот ум притоа безделничи, значи, тој е обземен со помисли, бидејќи умот не може да биде невработен. Тој мора да се занимава, или со мисли за Бога, или со помисли што не се од Бога, а тие можат да бидат или наши грепши помисли (што доаѓаат од нашата падната природа), или, пак, помисли што не се наши, бидејќи доаѓаат од непријателот на човечкото спасение - ѓаволот. Тие ја загадуваат свеста со непотребни, празни, дури и штетни, грешни претстави, слики, спомени, намери... Тие му пречат на правилниот и богоугоден тек на мислите, не му дозволуваат на човекот мирно да се моли и да размислува, го наговараат на разни гревови и го одвраќаат од „тесниот" пат кон спасението...
Ако човековиот ум, посебно таквата негова способност како што е моќта на замислување, не се држи до помошта на христијанската молитвена прибраност и внимание, зауздан и под контрола, помислите, со време, потполно ќе завладеат со него и ќе загосподарат со него, и човекот ќе престане да забележува со што се исполнува и за што служи неговата душа; ќе постане роб на помислата, т.е. на ѓаволот, кој му шепоти такви помисли во умот, мамејќи го дека тоа се, всушност, негови мисли, на човекот. За жал, така живеат повеќето луѓе.
Според зборовите на преподобниот Исихиј Ерусалимски, „демоните обично преку помислата нечујно разговараат со душата и ја учат на зло". А ние тогаш, на тој начин, се препуштаме на власта на демонските сили што ја валка и ја осквернува нашата свест, нашето срце; да завладее во потполност со нашата волја и да не научи да бидеме послушни слуги на злото.

(Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Издавач: Издавачка установа „Канео“- Охрид, 2004

Друго: